Стојче Дојчинов со тешко срце: Од јадење ми остана само пола кило брашно

  • By klaster2
  • јуни 11, 2022
  • 0
  • 429 Views

Што да се каже а да не се заплаче? Стојче Дојчинов од селото Мусуљ живее во многу лоши услови, недостојни за еден човек.

Живот во незвесност, осаменост, без секојдневен оброк кој би го одржал во живот. Заборавен и отфрлен од светот во планинско село.

Неговото село е оддалечено на 30км од градот. Па така Стојче за да дојде до првото населено место му треба многу време.

Тој покрај тоа што често е без храна, тој ја нема и соодветната терапија, односно своите таб лети со кој не би можел да опстане.

Хуманитарецот Дејан Марковиќ слушна за овој човек, и се упати да го посети во тешки услови по патот, да ја рашире неговата приказна и да му помогне.

– Сам живеам овде, немам никакви примања, за храна берам шипки или печурки кога ќе има. Од храна имам уште пола кило брашно.

– Скоро десет километри е непрооден пат, кога е зима јас никаде не можам да излезам и го поминувам времето во куќарката.

– Помош нема од никој страни, се обратив за социјална помош, ми велат не те следува, за никаде е ситуацијата но морам да издржам.

– Живот како пред сто години, куќарката може да падне во секој момент, немам со кого ниту два реда муабет да направам.

– Осаменоста е тешка, и да ми треба нешто или да ми се случи нема кој да помогне, вели со тешко срце дедо Стојче во разговор со Дејан.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *