Татјана Лазаревска со сопругот Новица во моментов важат за едни од најпознатите Македонци кои живеат и работат во Австралија.
Како што е познато тие со синовите Стефан и Петар живее во Мелбурн, Австралија веќе шест години откако решија да ја напуштат Македонија.
Фолк-пејачите имаат изјавено дека од Македонија си заминале затоа што во Австралија заработката е поголема, а настапите секако им биле во дијаспората.
За Новица, Татјана често знае да изјави дека тој најмногу ја разбира и е нејзината најголема поддршка.
Со многу труд и посветеност, фолк-двојката успеа да дојде до свој дом во Австралија, лани тие купија куќа во Мелбурн.
Во куќата уживаат со синовите кои исто така имале голема желба да ја купат токму неа. „Петар и Стефан се веќе големи момчиња.
Додека живееше во Македонија, Татјана често настапуваше на многу настани, а сега ги замени со настапи на друг континент. Татјана секогаш објавува интересни слики и видеа од нивниот живот во Австралија.
Периодов познатите македонски музичари од групата „Анета и Молика“ ја одржуваат својата австралиска турнеја со настапи кои се веќе распродадени.
Но, поради преголемата заинтересираност, според последната објава Анета и Молика ќе одржат дополнително закажана забава во Мелбурн на 28ми ноември.
Она што е сигурно е дека забавата со нив секогаш е загарантирана, а кога ќе се спојат Молика и Татјана Лазаревска шоуто е неизбежно.
На вчерашниот настап гости беа и Татјана и Новица, а по она што Татјана го објави на Инстаграм приказни може да се види дека емоциите јја понеле толку многу што во еден момент се качи на маса и играше на песните од Анета.