Севила од Ранковце: Барам од луѓето 100 денари за да ги прехранам седумте деца

  • By klaster2
  • октомври 24, 2022
  • 0
  • 364 Views

Горчината да не можеш на своето дете да му дадеш залак леб е огромна, а таа горчина со години ја чуствува Севила од Ранковце која има седум деца.

Живот во една соба и многу лоши услови е секојдневието. Живот без струја и храна, нема ниту начин да ги испрати сите да се школуваат како што треба.

Како што вели нема храна ниту да ги испрати на училиште а и сите им се потсмеваат, но овие деца уште на свои осум години на своите кревки рамења носат дрва за да ја поминат зимата.

Со малите раце пак одат по нивите и работата со цел да обезбедат парче леб на помалите братчиња и сестрички, но сепак слогата е тоа што ги одржува.

Децата си бараат и не разбираат дека немаат. Севила се труди од секој можен агол да допринесе и да им овозможи на своите чедат но попусто.

– Во оваа соба која е пред распаѓање живееме скоро шеснаесет години. Барам од луѓето 100 денари за да ги прехранам седумте деца, вели Севила.

– Од Нова Година па наваму сме без струја, имавме некој недоразбирања со деверот, ние плаќавме колку можевме а потоа ни ја исклучија, вели Севила пред камерата на ,,Срце на Дланка”

– Одам и се запишувам по продавниците, и плаќам кога ќе имам, децата ми бараат дури и не сакаат да ја напуштат продавницата без да и купам нешто, но тоа е максимумот што можам да им го дадам.

– До скоро земавме за трето дете, социјален приход но сега ја укинаа бидејќи детето наполни години, а единствен приход ни е од сопругот кој нема постојана работа.

– Постојано ги мислам децата, каде се како се кога одат да работат, тие не се жалат од работа иако се толку мали, додава Севила.

– Одиме и работиме, каде ќе не викнат, најмногу одиме и береме боровинки, од таа работа за неколку дена собрав 1200 денари, не се жалам од работа, вели едно од децата на Севила.

Доколку сакате да и помогнете на Севила и на нејзините седум деца на било каков начин тоа може да го сторите на телефонскиот број 075- 304-405 или на трансакциската сметка 210501742866852

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *