(ФОТО) Граѓаните на Кочани се кренаа на нозе – Општината смирува, градежните машини повлечени

  • By admin
  • април 8, 2021
  • 0
  • 3407 Views

Жители на кочанските населбит Трајаново Трло, Усова Чешма и Шатровик утрово излегоа на мирен протест со барање за запирање на подготвителните работи и темелно преиспитување на целокупната процедура од страна на Советот на Општина Кочани за изградба на објекти за домување наменети за лицата кои живеат во Старата касарна во Кочани.

Со транспарент „Само преку нас мр тви“ на локацијата во Трајаново Трло каде што е предвидена изградбата на куќите за домување, тие побраа од надлежните да се најде нова локација за сместување на лицата од Старата касарна, бидејќи како што велат моменталната локација е несоодветна, нема потребна инфраструктура, а воедно станува збор за зелен појас.

За своите барања претставници на Иницијатвиниот одбор денеска оствариле средба со градоначалникот на општина Кочани, Николчо Илијев при што го информирале за своите барања.

Градоначаликот Илијев во изјава за интернет-порталот „Гласно“ информираше дека по барањето на жителите, одлуката за изградба на објектите за домување привремено ќе ја стави во мирување, при што на следната седница на Советот на Општина Кочани ќе се бара разгледувње на барањата на граѓаните. Илијев додаде дека локалната самоуправа ќе ја почитува одуката на советниците и по неа ќе постапува.

Претходно Советот на Општина Кочани има донесена едногласна одлука за локацијата и изградбата на куќите за домување за што веќе се обезбедени средства и е избран изведувач на градежните работи. Со изградбата на куќите за домување локалната самоуправа прави напори за решавање на деценискиот проблем со лицата кои се населени во Старата касарна во Кочани.

Револтот на жителите од населбите се надоврзува и на претходниот протест, организиран поради зголемениот број на кражби во населбата, каде жителите бараа поголема ангажираност на институциите во решавање на проблемот.

Од Иницијативниот одбор додадоа дека тие нема да отстапат од своите барања и се надеваат дека нивните револт ќе бидат слушнат и разбран од надлежните, пренесува интернет порталот Гласно.

Граѓаните успеаа во своите намери за сега и градбата не отпочна која неофицијално беше планирана за денес, па градежните машини беа повлечени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.