Филипче денес со оптимистичка изјава која делува смирувачки за граѓаните

  • By admin
  • април 8, 2021
  • 0
  • 1310 Views

Се расчистија дилемите кој ќе ја прима АстраЗенека во земјава по спроведеното истражување на европската агенција за лекови.

По појавата на тромботични реакции кај дел од помладата популација, надлежните одлучија и натаму само лицата над 60 години да се имунизираат со оваа вакцина, информираше министерот за здравство Венко Филипче.

Тој кажа дека засега нема посебна препорака за помладите лица од 60 години што ја примија Астразенека во Србија, а се надоврза и на ревакцинацијата.

Инаку, Европската агенција за лекови по спроведеното истражување им препорача на сите држави сами да си одлучат дали и кому ќе ја даваат оваа вакцина. Филипче кажа дека и понатаму ќе се следат насоките на Европските агенции.

Да не избрзувам со изјавите, затоа што мора да ја следиме состојбата и оваа недела, но многу е веројатно дека пикот е веќе зад нас, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

-Вчера во текот на денот чувствуваме мало спласнување на притисокот во болниците, денеска и бројката е малку помала, треба да биде околу 1 200.

Да не избрзувам со изјавите, затоа што мора да ја следиме состојбата и оваа недела, многу е веројатно дека пикот е веќе зад нас, но тоа ќе го кажеме на почетокот на следната недела.

Се надевам дека нема да има некакво изненадување, значи веќе има слободни кревети на интерните клиники каде беше најголемиот притисок.

Сè уште има голем број на хоспитализирани и, за жал, пациенти кои се во тешка клиничка форма на болеста, рече Филипче

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *