Сузана Гавазова, една од најдобрите македонски фолкерки и воедно најбарани и понатаму продолжува да биде актуелна на свој начин.
Сузе ја има буквално сегде, што прослави, што настапи по локали, но и на отворено. Едноставно публиката си ја сака Сузе, а таа знае како да возврати и да направи забава за паметење.
Нејзиниот Фејсбук профил е полн со слики од настапи насекаде, и со слики од нејзините фанови како се фотографираат со неа.
Освен тоа Сузе е докажана и на приватен план каде е посветена и грижлива мајка на двете ќерки Емили и Селена кои ги има со сопругот Јасмин кој е по потекло од Босна а заедно живееја во Шведска.
Пејачката е една од ретките која навистина многу се грижи за својот физички изглед. Освен што плени со својата несекојдневна боја на глас, таа воодушевува и со својата става.
Дека е среќна, исполената и задоволна жена, Сузе тоа постојано го покажува и докажува преку честите објави на социјалните мрежи и интервјуата во медиумите. Непосредна, спонтана и со харизма која публиката ја сака.
Ако некоја пејачка во Македонија е зафатена, тоа е токму Сузана Гавазова. Струмичанката е постојано на снимања, патувања, настапи, како ширум Европа, така преку океанот.
Сузе како што е познато со професионална музичка кариера почнала да се занимава уште од многу млада и на сцената опстојува со години.
Со оглед згуснатиот распоред речиси и да нема ден а Сузе да не се дружи со микрофонот и да нема настап, но уште еднаш покажа и докажа дека може да се има баланс со приватниот живот.
За Гавазова и нејзините настапи е познато дека добива бакшиш и тоа во солидни суми, но овојпат докажа дека знае и да дава.
Па така на фејсбук профилот на Гавазова се појави фотографија на која се гледа како ките со пари свој колега пејач.