(ФОТО) Веќе од поодамна ја нема на малите екрани – еве како изгледа денес Шенка Колозова

  • By admin
  • септември 14, 2022
  • 0
  • 338 Views

Кога ќе се спомната Македонски народни приказни кај многумина будат носталгија. Голем број генерации израснаа со Македонски народни приказни кои се екранизација на голем број на македонски народни приказни собрани од собирачите на народни умотворби (Марко Цепенков, Кузман Шапкарев и други).

Овие кратки ТВ-епизоди беа снимени од страна на ТВ-Скопје, подоцна од МТВ во перидот од раните 80-ти, па сè до 2003 година. Досега се снимени околу 300 епизоди, не вклучувајќи ги новите епизоди.

Една од главните ликови по кои ги препознаваме е Шенка Колозова, сопругата на Ѓорѓи Колозов на чија фејсбук страна неодамна се појави честитка за нејзиниот роденен во којаа стоеше

Да и посакаме среќен роденден и уште многу години живот и дело на Шенка!

Царицата на македонските народни приказни, незаборавниот лик од детските тв серии и драми денес наполни 75 години!

Шенка Колозова е ќерка на Стоица и Катерина Димитрови (подоцна, Станојкови). Родена е на 1 февруари 1947 во Добрево, Пробиштипско. Дипломирала на Катедрата за јужнословенска книжевност при Филозофскиот факултет во Скопје.

Целиот работен век го поминала како професионална актерка во народните театри во Штип и Куманово, а подоцна и во Македонскиот народен театар од Скопје, каде се пензионирала.

Во кариерата одиграла над 100 премиери во трите народни театри, и уште 16 премиери со приватниот театар „Колозов“. Таа има одиграно повеќе од 6 000 претстави во овие три театри, не вклучувајќи ги и гостувањата во Велешкиот театар и други театри во Македонија.

Најзначајни театарски ролји на Колозова се во претставите „Свирачот на покрив“ , „За сите мои синови“, „Електра“ на Еврипид (во улогата на Клитемнестра), „Сè за градината“, „Печалбари“ и други.

Покрај актерството, таа е автор на бројни сценарија и драматизации, меѓу кои и Цепенковите народни приказни.

Веќе од поодамна Шенка не снима и ја нема на малите екрани, а многумина се прашуваат што прави и како изгледа сега.

Познатиот македонски диџеј Марјан Петровски Мац објави заедничка фотка со Шенка Колозова и напиша:

Пораснав со нејзе. Народни приказни само со неа признавам

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *