Филипче конечно сподели една убава вест која ќе израдува многу Македонци

  • By admin
  • март 31, 2021
  • 0
  • 1206 Views

Како што е познато вчера Министерот за здравство, Венко Филипче најави дека во земјава со „Астра Зенека“ нема да вакцинираат лица помлади од 60 години.

Откако Канада објави препорака да не се вакцинираат лица помлади од 55 години со вакцината на „Астра Зенека“, а иста следеше и во Германија за лица помлади од 60 години, се вклучи и црвеното светло во Северна Македонија, каде токму денеска започнува имунизацијата со вакцината на британско-шведската фармацевтска компанија „АстраЗенека“.

Министерот за здравство, Венко Филипче, синоќа во гостување на ТВ „21“ изјави дека по двата извештаи на Канада и на Германија донесена е одлука да се следат нивните препораки и дека и во земјава со „Астра Зенека“ нема да вакцинираат лица помлади од 60 години. Министерот најави дека за став за ова прашање ќе се обратат и до Европската медицинска агенција (ЕМА).

Денеска почнува вакцинирањето на повозрасни граѓани, на возраст над 77 години.

„Секоја вакцина која влегува во земјава е сигурна и безбедна. Ќе ги следиме сите насоки кои произлегуваат од меѓународните регулатори“, рече Филипче.

Првиот човек на нашето здравство, Филипче денес сподели конечно и една позитивна вест која вели дека по речиси една година повторно ќе биде отворена границата кон нашиот јужен сосед.

Филипче на својот профил на фејсбук напиша:

Утрово грчкиот министер за туризам, Хари Теохарис ме извести дека дека на 14 мај Грција планира да ги отвори граничните премини „Дојран“ и „Евзони“ за македонските граѓани.

 

Граѓаните кои планираат да патуваат во Грција ќе мора задолжително да покажат сертификат дека се вакцинирани или пак да имаат негативен ПЦР тест за ковид-19.

Искрено се надевам дека оваа одлука нема да се промени заради евентуална промена на епидемиолошката состојба во двете земји. Во следните денови ќе ги договараме деталите околу усогласување на сертификатите за вакцинација.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.