Филе Топки: Не треба да се троши ни миг на објаснување со опинци и пештерци

  • By admin
  • јули 31, 2022
  • 0
  • 359 Views

Своевремено важеше за еден од најпознатите јавни ликов и еденод најдобрите македонски спортски новинараи. Игор Филиевски познат како Филие Топки веќе низа години живее и работи надвор од Македонија.

Откако Филе Топки мина извесен период од животот во Барселона, Шпанија тој се вдомин во Малта каде што живеат и работат голем број Македонци.

Филе е доста активен на социјалните мрежи, па така на својот профил на фејсбук во еден една од своите објави напиша:

По стоти пат ми се потврдува тезата дека не треба да се троши ни миг на објаснување со опинци и пештерци кои своето образложение за грешките што ги прават го почнуваат со

“… ама ми кажа другар, ама видов кај пријател, ама другарка ми така направила…” (и упорно тераат со тој муабет), наспроти законот и правилникот (што се читко и разбирливо напишани) кој треба само да го прочитаат и да делуваат според истото.

Таквите пештерски опинци ниту читале, ниту ќе читаат. Тие се “рекла-кажала” ликови, па затоа и џабе им се и факултетските дипломи (а некои од нив и ги имаат) и функциите што им ги дале онаму каде што работат.

Е од такви бегајте. Не трошете ни миг за објаснување! Шт ета е што таквите не ги пакуваат во еден карго авион, па да ги вратат таму од каде излегле, без разлика дали излегле од пештерите во Пробиштип, Јегуновце, Зрзе или Прилеп и Скопје. Пештерец е пештерец.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.