Столе од Германија: Ќе бидам искрен, ова што ќе го кажам за кај нас горе е жива вистина, сакал некој да се согласи или не

  • By admin
  • јули 30, 2022
  • 0
  • 395 Views

Постојано читаме дека на Германија и недостига работен кадар и се планира да се олеснат мерките за побрзо и поедноставно добивање виза.

Германија општо познато е дека важи за „ветена“ држава за многу Македонци и постојано многумина се обидуваат да се иселат таму.

Во последно време актуелно е заминувањето на младите во Германија, појава што станува се позастапена. Еден од нив е и 23-годишниот Столе Б. кој реши да си каже што му лежи на срце.

„И јас сум меѓу илјадниците Македонци што реши да се спакува и да си ја проба среќата надвор од границите на Македонија, а изборот беше Германија.

Релативно рано, година-две откако завршив средно училиште, со неполни 20 години аплицирав и добив работна виза за Германија, па се спакував и заминав.

Како велат, секој почеток е тежок, па така беше и мојот. Започнав со работа во ресторан за брза храна, нешто што е вообичаено за многу почетници.

Работев што работев таму година и нешто, но се презаситив, а и почувстував потреба да променам работа, да се пробам во нешто друго.

Потоа следеше работа како доставувач на пратки каде што се задржава околи година, година и некој месец но реално тоа ми стана нап орно.

За среќа тука изборот на работа е голем, па брзо пронајдов нова работа. Сега сум во фабрика и ми е добро. Но да не навлегувам многу за мојот престој и пат во Германија.

Она што сакам да кажам и искрено ми лежи на срце е што младоста, најубавите години во животот ми поминаа далеку од моите сакани, семејството.

Притоа сега е лето, ги гледам луѓето на море, барем по една седмица поминуваат на одмор а јас искрен да бидам, четири лета немам видено море.

Одмор кој што ми го даваат, а кој често е надов од летната сезона го користам да си дојдам до Македонија, да ги видам моите, саканите. Да се подржуам со нив, да одвојам време. Броени денови летаат, кога ќе се свртеш гледаш дека треба пак во Германија.

Ова е случај со многу млади од нашите простори во Германија, сакал некој признал или не. Така кога ќе се собереме друштво од десетина луѓе сите го делат истото мислење и си коментираме. Арно ни е овде, имаме парички, но ние не сме како другите млади.

Најубавите години од животот ни поминаа во работа – дома – спиј – стани и пак на работа. Плата ќе има, пари никогаш доволно. Реално сам тука во Германија и не можеш да завртиш пари.

Освен тоа забави и ноќен живот тука и да нема, еве 23 години сум, терам накај 24 години а се уште не сум имал девојка, кога мислам девојка мислам за посериозна врска. Едноставно нема време да мислиш на тоа, а и нема простор. Поточно не дека не мислам, но нема како.

Сума сумару, Германија е добра, далеку од тоа дека не. Ни не мислам да се вратам во Македонија, но мора да бидам реален и да ги кажам негативните страни кои и тоа како ги има.

Автор: С.И. Фото: Илустрација

Авторски текст кој не смее да биде превземан без дозвола од редакцијата на Кластер.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *