Уште еден доказ за причините зошто Македонците толку многу се селат во Германија

  • By admin
  • јуни 22, 2021
  • 0
  • 3725 Views

Еуростат вчера објави податоци за потрошувачката по глава на жител во 2020 година, кои покажуваат дека Бугарија е на самото дно во Европската унија.

AIC ја мери вредноста на стоките, услугите и добрата што граѓаните можат да ги купат или добијат за иста сума пари.

Податоците на Евростат покажуваат дека девет земји-членки се над просекот на ЕУ во однос на материјалната благосостојба на домаќинствата. Најбогат е Луксембург, што е за 31 процент над европскиот просек.

Следува Германија со 23 проценти. Ова е уште еден показател зошто токму оваа држава е дестинација на голем број Македонци кои се селат да живеат и работат таму, со тенденција бројката да расте.

Поточно Германија важи за една од најбогатати држави, па така и платите се едни од најголемтите во ЕУ и со добра заработка.

Австрија, Финска, Белгија, Холандија, Шведска и Франција се во групата земји кои имаат реална индивидуална потрошувачка од 5 до 20 проценти над просекот на ЕУ.

Романија не е во таа група, но е далеку пред Хрватска, која ја престигна во 2015 година. Таа година, двете земји беа со 58 проценти од просекот на ЕУ, а сега, според новите податоци, кои ја вклучуваат и 2020 година, Романија е со 79 проценти од просекот на ЕУ, а Хрватска со 67 проценти. Романија ја престигна и Словачка.

На Кипар, Италија, Литванија и Ирска, нивото беше 10 проценти или помалку од просекот, додека Шпанија, Чешка, Португалија, Малта, Полска и Словенија заостануваа 11-20 проценти. Романија, Естонија и Грција беа за 21-25 проценти под просекот на ЕУ.

Пет земји се 25-33 проценти под просекот, а тоа се Словачка, Летонија, Унгарија, Хрватска и Бугарија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.