Никола Груевски си го кажа своето: Колку и да трае долго, ќе му дојде крајот

  • By admin
  • јуни 22, 2021
  • 0
  • 8139 Views

Поранешниот премиер на Македонија и екс лидер на ВМРО ДПМНЕ, Никола Гуревски повторно се огласи на социјалните мрежи.

Груевски од Будимпешта напиша нов статус на својата фејсбук страна во кој што тоја вели:

-Очекувано уште пред 7-8 дена судот прифати да се расправа за обвинението на обвинителство креирано по наредба на кри миналецот Заев минатата година, наредба која уште во септември минатата година Заев ја сподели со повеќе негови соработници.

По наредба на контролорите од власта на судот и обвинителството за објавата се чекаше кога да се објави, за што одлучуваат одговорните за односи за јавноста во СДСМ/Владата.

Без ниту еден матерјален доказ, кој и не може да го има бидејќи не сум направил никакви купопродажби, и само со приказни од типот “рекла-казала” на неколку најблаго кажано уце нети лица од власта со најбр утални методи.

Тоа е она кога не те бива нешто сериозно да создадеш, изградиш, реформираш, унапредиш, да исполниш ветувања кон народот итн, па уди раш по тој кој го направил тоа што неможеш ти, верувајки дека така ќе ја намалиш неговата а ќе ја зголемиш својата вредност во перцепцијата на народот, и се со цел да се одржиш подолго во кри миналното работње и рекетот од позиција на власт.

И на ова бес нење, колку и да трае долго, ќе му дојде крајот, но и почетокот на демонтирање и вадење пред правдата, на оваа крим инална бан дa.

Предводена од човек кој функционира по маф ијашки принципи, слично како што функционирал кога го зголемувал својот капитал преку лихв арство во струмичкиот регион за чии само параван била регистрирана штедилница.

И како што функционирал при делење на стотици тендери на општина Струмица на членовите на неговото потесно и пошироко семејство и локални партиски челници, за кое пред 7 години ни објаснуваше дека регуларно си ги добиле тендерите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *