„Учи сине за да не работиш како мене во фабрика“ – си го направи своето

  • By admin
  • октомври 15, 2021
  • 0
  • 735 Views

Eкономската кр иза особено видлива за време на пандемијата предизвика сериозен уд ар на сите индустриски гранки. Европа кубури со кадри, а најголем проблем се чувствува токму во автомобилската индустрија, иако подеднакво барани се електричарите и водоинсталатерите.

Ситуацијата е уште по тешка во угостителскиот сектор, кој го доживеа најголемиот уд ар за време на пандемијата.

На компаниите од угостителството и туризмот им недостигаат 50 проценти од потребниот кадар, пред сѐ келнери, рецепционери, готвачи и помошници готвачи… Во 2020 година имало пад на прометот во угостителството и туризмот и до 80 проценти.

Ковид- пандемијата ги измени досегашните потреби во угостителската дејност за составот на работниот кадар кој им е потребен во процесот на работењето.

Предизвикот на отворање нови работни места дефинитивно е заменет со предизвикот како да се задржат постојните и евентуално да се пополнат испразнетите места со соодветен кадар.

Поради неизвесноста од пандемијата и неработењето на хотелите и рестораните, вработените заминале да работат во други сектори како транспорт и градежништво.

Од почетокот на состојбата од 4 илјади до 20 илјади вработени го напуштиле овој угостителскиот сектор. Пред почетокот на туристичката сезона, угостителите се на мака да обезбедат квалификуван кадар.

Дел од работниците ја промениле својата работна професија, и од угостители станаа гипсери, монтери, односно голем број од угостителскиот-угостителскиот сектор преминаа во транспорт и градежништво

Неизвесноста е клучниот фактор за ваквите одлуки. Тоа го повлекува прашањето за увоз на работна си ла, па како дел од опциите се споменуваат Африка или Индија, што би можело да стане стварност во наредните години.

И додека едни го гледаат излезот во увоз на работа си ла, други се обидуваат дома да го најдат решението со преквалификување, дообразување и насочување на кадрите со цел да се пополни празнината за работна си ла.

Во индустријата најголем интерес постои за вработување во т.н. административни функции – финансии, набавки, правни работи, човечки ресурси. Меѓутоа, постои и зголемен интерес за инженерските занимања.

Кои се причините за слабиот интерес за вработување во индустријата – висината на платите, услови за работа, немање доволно кадри во стручните училишта, менталитетот или нешто сосема друго?.

Недостатоците во образованието се вториот извор на проблеми, прикажано преку неусогласеност на потребите на индустријата со образованието. Менталитетот – „учи сине/ќерко за да не работиш како мене во фабрика, а за вработување во јавна администрација ќе најдеме некоја врска”, недоволно атрактивните услови за работа во индустријата пред доаѓањето на странските инвестиции, беа дополнителна „сол на рана” на овој проблем.

Најголем број од објавените слободни работни места се кај работодавачи од преработувачка индустрија, трговија на големо и трговија на мало и административни и помошни услужни дејности, потоа од дејноста градежништво, објекти за сместување и сервисни дејности со храна, транспорт и складирање, информации и комуникации, стручни научни и технички дејности, како и во други дејности.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.