Познатиот македонски ракометeн репрезентативец работи и како возач на автобус – проговори како му е

  • By admin
  • октомври 17, 2021
  • 0
  • 3595 Views

Без сомнение ракометот во Македонија е национален спорт број еден кој опфаќа многумина, а за тоа да е така придонесуваат успесите на клубовите и селекциите.

Пред се тука мислеме на машкиот национален тим кој веќе една деценија е постојан учесник на големите настани.

Сигурно многумина од вас се сеќаваат на поранешниот македонски репрезентативец и се уште актуелен интернационалец Владимир Темелков, може да се пофали дека доживува втора младост.

На 41 година, тој и натаму ги полни мрежите, иако признава дека тоа го прави како полу-професионалец во Луксембург.

Љубовта кон ракометот е причината поради која и по 19-години интернационална кариера и во петтата деценија и натаму е активен. Паралелно ја гради и својата тренерска кариера (иако нема намера да се откаже од играчката).

Страст му е работата со младите категории, на кои сака да им го предаде своето знаење и искуство. Би сакал тоа да го прави и во Македонија (можеби во иднина), но засега останува во Луксембург каде е веќе 11 години со своето семејство.

Неговиот меѓународен пат е интересен. Имено во минатото шри посета на братучед во Германија се спојува со менаџер, кој ќе го однесе на проба во Фулинген, за по две недели, Темелков да го направи својот прв трансфер во странство.

Осум сезони ќе мине во првата и втората Бундеслига, носејќи го дресот уште на Вилштат и Балинген. Во Вилштат ја запознава и својата сопруга (Германка, Хелена) со која има две деца – син и ќерка.

Темелков добива понуда од Хановер во период кога е играчки најзрел (31 година), но го става семејството пред кариерата и прави изненадувачки потег. Се сели со семејството во Луксембург и одлучува да биде дел од полу-аматерска лига. Потпишува за Керјенг, клуб чиј дрес и натаму го носи по 11 сезони.

Десното крило е дел од генерацијата која по цела деценија играње квалификации ја враќа Македонија на големите натпреварувања – СП 2009 во Хрватска. Тој е дел и од најголемиот успех, петтото место на ЕП 2012 година во Србија.

Игра и на СП 2013 во Шпанија, додека со националниот тим завршува под чудни околности. Иако е дел од тимот кој ќе избори настап на ЕП 2014 во Данска и ќе биде и на поширокиот список тогашниот селектор Ивица Обрван нема да смета на него.

Денеска е прв играч на Керјенг, со двоцифрен учинок на скоро секој натпревар. Паралелно работи како возач на училишен автобус, превезува деца на училиште, но тоа е само три-четири часа во денот.

Истата работа ја имаат и другите негови соиграчи со оглед на тоа дека тоа е фирма во сопственост на главниот спонзор на клубот. Темелков обожува и да готви, најчесто традиционални македонски јадења (вели тоа е тајната на неговата долга младост) и паралелно ужива и со семејството, но и со ракометот.

„За многумина беше несфатлива таа моја транзицијаод Бундеслигата во Луксембург, во полуаматерска лига. Доаѓа период во животот кога мора дасе запрашате што ви е поважно – кариератаили семејството?

Кога ја носеводлуката имав и понудаод Хановер на една сезона, но тоа значеше голема промена за семејството,а во таква ситуација и мојата сопруга се прашува.

Кога ми зборувааза Луксембург и мене ми бешечудно, на моменти и смешно, но без разлика што станува збор за полу-аматерска лига, условите, грижата која ја добиватеод клубот, начинот на кој ве гледаат како ѕвезда, сето тоа прави разлика.

Признавам имав и позитивни и негативни критики за таквиот чекор, но не се каам. Успеав да имам сè! Да продолжам да играм ракомет и да ги гледам децата секојдневно, што не верувам дека ќе можев со темпото и интензитетот кое го има во Бундеслигата.

Веќе 11 години сум во Луксембург, во тим во кој и играм и работам како тренер на млади категории“, задоволно објаснува Владимир Темелков во интервјуто за 24Ракомет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *