Татко од преспанско Крани со молба до синот: Ако слуша, нека се јави само да знаеме дека е жив

  • By admin
  • април 20, 2021
  • 0
  • 10561 Views

Еден месец солзите на семејството Лумани од преспанско Крани никако да престанат. Нивниот 27 годишен син Ислам, на 21 март исчезнал без никаква трага.

Паркираниот автомобил и трагите од неговите чевли се пронајдени во кампот Крани во близина на езерото. Од тој ден жителите, полицијата и професионалните нуркачи се во потрага без прекин, но нема никаков резултат.

Семејството се уште има надеж. Со оглед на тоа дека не е пронајден во езерото, се надеваат дека еден ден нивниот син ќе се врати здрав и жив.

Таткото на Ислам низ солзи апелира доколку некој го види или доколку Ислам го следи овој прилог, да се јави и да каже дека е добро.

„Помина повеќе од месец дена откако исчезна нашиот син и немаме никаква трага, контакт, ништо. Не знаеме дали е жив или не, го бараме кај езерото скоро секој ден, со чамци, нуркачи.

На земја скоро секој ден бараме, на планина, но нема никаква трага. Доколку се наоѓа некаде и слуша, нека се јави само да знаеме дали е жив“, истакна Насер Лумани, татко на исчезнатиот.

Жителите на Крани, кои се во потрага по него секој ден во планините, езерото и полиња, се уште не се навикнати дека го нема Ислам. Велат дека нема да запрат додека не го пронајдат.

„Баравме под вода, целото езеро го побаравме, отидовме до границата со Албанија и Грција со надеж да не го исфрлила водата некаде, но никаде не е пронајдена никаква трага од Ислам.

Апелирам до сите жители доколку знаат нешто да не информираат, да имаат малку милост кон родителите, неговиот татко и мајка“, изјави жител од селото.

ТВ21 контактираше и со Обвинителството во Преспа. Оттаму ни беше кажано дека работат на овој случај и дека досега нема никакви индиции дека се рабити за уби ство.

Ислам го оставил телефонот кога ја напуштил куќата, па полициските инспектори го испратиле телефонот во Обвинителство. Но, иако помина еден месец, од Обвинителството ни рекоа дека сè уште не го провериле телефонот и дека чекаат список на телефонски разговори од операторот, за да видат кои се луѓето со кои последно искомјницирал.

Иако е исчезнат од 21 март, на веб страната на МВР, Ислам Лимани се уште не фигурира на списокот на исчезнати лица.

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на ТВ 21.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.