Огнен Јанески: Бевме со внук ми таму и тоа е тажна глетка

  • By admin
  • април 20, 2021
  • 0
  • 5928 Views

Огнене Јанески од Телевизија ТВ24 важи за еден од најпознатите македонски новинари и водители, човек кој често знае на социјалните мрежи да ги искаже своите ставови за низа теми.

Така беше и овојпат кога Огнене денес на својот профили на фејсбук сподели стату кој привлече внимание истиот се однесува на:

Со Одлука на Владата од денеска Аквадуктот во Скопје го доби заслужениот највисок степен на заштита на културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење.

-Конечно! Во неделата бевме со внук ми таму и тоа е тажна глетка! Особено мини-депониите кои се наоѓаат пред и по Јустинијановиот аквадукт од шестиот век.

Се надевам дека ќе се рестраврира и заштити, а околината ќе се направи да биде парковска (за пикник или нешто слично) со контрола на посетителите за нерасфрлање ѓубре наоколу!

И патот дотаму да се направи и да се заштити од тие кои сè уште копаат по столбовите за кои мислат дека во нив има злато оставено од Римјаните на бегање.

P.S. Притоа, само да не бидат декларативни ваквите заложби, туку и на дело, а не како кога поранешниот Претседател се сликаше со претходната Влада дека го реставрирале, а тоа само три лаци (сводови) беа погрешно реализирани.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *