Спенџарска: Нема ништо поопасно од жена

  • By admin
  • јули 1, 2021
  • 0
  • 1303 Views

Популарната и познатата ТВ водителка на утрински програми, Јелена Спенџарска е обожувана од ранобудците, кои велат дека со својата харизма и позитивен дух, им ги разубавува понекогаш тму рните утра.

Освен што ја „бива“ за работата која ја работи, Јелена Спенџарска последните година, две, на социјалните мрежи покажа и дека знае да размислува, но што е поважно да расудува реално, па и да ги потенцира своите маани, особина која е непозната за многумина.

Јелена Спенџарска, популарната ТВ-водителка од „Канал 5“ и инфлуенсерка на социјалните мрежи често знае да биде интересна за јавноста и за нејзините фанови.

Сите кои ја следат, воодушевени се од нејзините статуси, а дел од нив навлегуваат во сферата на филозофијата и психологијата. Многумина се пронаоѓаат во нив, и повеќето се согласуваат.

Спенџарска во својата денешна објава на Инстаграм со неколку фотки од плажа, напиша и текст во кој што таа вели

Кога жена отворено ќе ти ги покаже чувствата и ќе ти даде пристап до своите емоции- мораш да знаеш дека ТИ си за неа посебен човек …..и со тоа НЕ смееш да си ‘играш’!

Таа е жена…. а жените скоро секогаш знаат што можат да добијат од еден маж.

Таа совршено знае дека паметните мажи и го отвараат умот и ја прават силна, кретените и ги отвараат очите и ја прават внимателна, а само вистинскиот маж има пристап до нејзините емоции.

И баш затоа, НЕМОЈ да си играш со нејзините чувства и довербата која ти ја дава зашто од ‘кретен’ до вистинскиот нема ни пат ни патоказ, а од вистинскиот до ‘кретен’ се стига преку пречки,а секоја пречка е полна со прашина или кал.

Значи НЕМОЈ!!!!! Нема ништо поопасно од жена на која си и ја изневерил довербата !!

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.