Трифун Костовски: Не ми даваат да го возам ниту Голфот стар повеќе од 20 години

  • By admin
  • јули 1, 2021
  • 0
  • 5033 Views

Почитувани читатели, Сметам дека јавноста треба да биде информирана за начинот на кој се води постапката против мене, поврзана со стечајот на Еуростандард банка во Основниот крив ичен суд Скопје.

Јавноста е информирана дека имотот ми е замрзнат бидејќи е покрената постапка против мене од Јавното обвинителство. Ваквата постапка е измислица на луѓе коишто сакаат да се затскријат зад вистината и да ја делат правдата по нивни терк.

Пред неполни две недели се обидов да го регистрирам моето возило Голф коешто е повеќе од 20 години старо и после сите постапки околу неговата регистрација од полицијата одбиена ми е регистрацијата бидејќи возилото ми е замрзнато.

Едно прашувам … ако возилото ми е забрането да го користам, зошто не ми е забрането да живеам во сопствениот дом? Што е целта на овој небулозен чин, да ме каз ни? Мене!

Ако е така, јас по втор пат објавувам моја граѓанска непослушност и возилото ќе го возам во секоја моја прилика кога ќе ми треба, бидејќи технички е исправно, меѓутоа нема печат од полиција.

Јавно го повикувам првиот човек на Јавното обвинителство, Јовески, да не молчи, го охрабрувам да преземе пори горозни мерки против мене, ако сум виновен, меѓутоа очекувам да го повлече случајот, и да ми се извини доколку се покаже дека постапката грешно се води.

Истовремено судиите кои ја водат оваа истражна постапка нека си ја преиспитаат својата совест. Ако сметаат дека се чисти пред себе, тогаш бидете убедени живееме во општество без никакво право и правна заштита. Хао сот царува.

Почитувани, како е возможно да целиот свој живот го посветив чувајќи го своето достоинство кое е признаено во многу европски земји и САД, поради мојот хуман, праведен и човечки однос.

Во мојата Македонија да се соочам со институции кои се трудат да го раз небитат моето достоинство. Човек сум. САКАМ И ЧОВЕК ДА ОСТАНАМ.

Постапките кои се водени од нашите правосудни органи нанесуваат б ол и гне в, бидејќи нема полошо чувство кога од својот сопствен народ и сонародник си пони жуван без никакви основи.

Јас продолжувам, а вие кои ги водите институциите на системот мислете му ја. Слободно ве охрабрувам, посегнете и по мојот живот, ама нема да подпаднам под поданичкиот дух којшто владее со вас.

„Понекад се и добар човек умори од своје доброте, јер док је свима био добар, себи је био најгори“Зарем оваа мудрост од почитуваниот Меша Селимовиќ важи и за мене?.Трифун Костовски

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *