Словенечката Влада денеска донесе одлука за одобрување на бесплатно тестирање за Ковид-19 на граничните премини со Италија, а во прашање се брзи антиген тестови.
Kои ќе им бидат достапни на патниците кои ја преминуваат границата за работа, потоа на студентите и сопствениците на имот во странство.
Бесплатното тестирање важи за оние групи граѓани кои се исклучок од задолжителниот карантин по влез во државата, односно работници кои дневно ја минуваат границата, студенти и сопственици на имот.
За нив не е потребен карантин туку негативен ПЦР и направен тест за антиген, кој не е постар од седум дена, објави агенцијата СТА.