Се огласи Тања, сопругата на селекторот Ангеловски: Во полусвесна состојба ги добив резултатите

  • By admin
  • април 1, 2021
  • 0
  • 2963 Views

Македонија ги живее најсјајните моменти во својата репрезентативна историја. Победата во Дуизбург од 1-2 има име и презиме – Игор Ангеловски. Македонскиот селектор на прес-конференцијата победата ја посвети на сопругата, која се бори со ковид-19.

„Морам да кажам дека мојата сопруга е болна од вирус, додека јас сум овде. Беше во тешка состојба, хоспитализирана во една од приватните клиники, ја пуштија пред некој ден.

Така што морам да кажам дека оваа победа е за неа, за моите деца, тие се мојата најголема поддршка. Исто и за целиот медицински персонал кој се бореше за нејзиниот живот и со кри зата“, рече нашиот селектор.

Ангеловски испиша историја, а покажа и дека Македонија е најсилна против најсилните. Така, ремито во Торино против Италија не е повеќе наш најголем подвиг. Победата во Дуизбург вечерва е историски подвиг број еден и прекин на серијата од дваесет години без пораз на Германија во квалификации за Светско првенство.

Денес по пат на социјалните мрежи се огласи Тања Ангеловска, сопругата на Игор Ангеловски која преку својот профил на фејсбуку напиш:

Сакам да Ви честитам за победата над четирикратниот светски првак Германија. Две децении без пораз, а таа серија токму МАКЕДОНИЈА да ја прекине РЕСПЕКТ.

Во овие Квалификации постигнати 9 голааа СЕКОЈА ЧЕСТ. Честитки до Стручниот штаб, медицинскиот тим и техничкиот персонал на А селекцијата, сите фудбалери на А селекцијата.

Некои од нив за овие 5 години пораснаа во очите на Игор Ангеловски од голобради момчиња станаа мажи, татковци за прв пат горди и одважни свесни за уникатноста на нивните карактери.

Сите овие момци се предводени од капитенот ГОРАН ПАНДЕВ, марк антна фигура, далеку пред своето време.

Никогаш нема да ги заборавам овие Квалификации и периодот низ кој поминував заедно си моето семејство. …неканет гостин кој ви го зема здивот.

Се шсте ми одѕунуваат зборовите на мојот сопруг, вечерта кога во полусвесна состојба ги добив резултатите од снимката на белите дробови и кр вните анализи.

“КАДЕ СИ ТРГНАЛА МАЛЕЧКА, ЈАС СЕУШСТЕ НЕ СУМ ЗАВРШИЛ СО ТЕБЕ” Ти благодарам за секој миг поминат заедно со тебе и нашите деца, разбиранњ и подршка без оглед на се.

Благодарам за тоа што ја сакаш мајката на твоите деца. Имајте мирно небо и здрави и живи вратете се дома.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.