(ВИДЕО) Голема македонска веселба во далечната Австралија со убава причина

  • By admin
  • април 1, 2021
  • 0
  • 1612 Views

Како што е познато Татјана Лазаревска со сопругот Новица и со синовите Стефан и Петар живее во Мелбурн, Австралија веќе шест години.

Фолк-пејачите имаат изјавено дека од Македонија си заминале затоа што во Австралија заработката е поголема, а настапите секако им биле во дијаспората.

За Новица, Татјана често знае да изјави дека тој најмногу ја разбира и е нејзината најголема поддршка.

Со многу труд и посветеност, фолк-двојката успеа да дојде до свој дом во Австралија, лани тие купија куќа во Мелбурн.

Во куќата уживаат со синовите кои исто така имале голема желба да ја купат токму неа. „Петар и Стефан се веќе големи момчиња.

Татјана Лазаревска и нејзиниот сопруг Новица Василевски важат за еден од најскладните парови на сцената.

Додека живееше во Македонија, Татјана често настапуваше на многу настани, а сега ги замени со настапи на друг континент.

Татјана секогаш објавува интересни слики и видеа од нивниот живот во Австралија.

И еве сега работам како учиталка во градинка и ми е интересно да работам со деца. Секој ден со ново искуство и така заборавам на се’ што се случува во светот“, кажа во една прилика.

Деновиве во домот на Лазаревска има дупли повод за славење, а честитките пристигнаа од сите страни во светот.

Имено, сопругот на пејачката, Новица Василевски го прослави својот 50ти роденден. По тој повод, Татјана и Новица ги собраа своите пријатели во ресторан и со музика, песна, играње, торта го прослави 50-иот јубилејен роденден на Новица.

Една од гостите им беше и Маријана Новачкова, сестрата близначка на Росана Сариќ- Тодоровска која живее во Австралија одамна и работи како стоматолог.

Исто така, по роденденот на Новица, семејството на Татјана имаше уште еден повод за славење односно роденденот на синот Петар.

Лазаравеска по тој повод му направи мало изненадување на синот, односно додека беа на ручек во ресторан келнерка донесе мал колач со свеќичка, а пејачката му запеја и роденденска песна.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *