Сашо Мијалков ќе си замине дома – Рускоска му верува

  • By admin
  • февруари 23, 2021
  • 0
  • 1079 Views

Шефицата на Јавното Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска, заедно со нејзините колеги кои го застапуваат обвинението во случајот „Таргет-Тврдина“, Ленче Ристоска и Трајче Пеливанов ја повлекоа жалбата по одредениот куќен притвор за поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков со која бараа да му се одреди затворски притвор.

Според решението што му беше врачено попладнево, Мијалков ќе биде во домашен притвор, наместо во затворски.

Рускоска и Мијалков во моментот се наоѓаат во зградата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, а се очекува во текот на вечерта пред медиумите да излезе и Рускоска.

По новинарско прашање околу тоа дали смета дека екс директорот на УБК, Сашо Мијалков би можел да избега од куќен притвор, обвинителката Вилма Рускоска денеска пред медиумите истакна дека да сакал да избега, ќе избегал досега.

„Не мислам, зошто ако мислеше да избега, ќе избегаше досега“, вели Рускоска

Ќе размислиме дали да побараме затвроски притвор. Цел ден беше бурен. Со колегите ќе одлучиме, но сепак олеснителна околност е што сам се пријави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.