Заев: И мене ми се качи температурата 40 кога слушнав дека Сашо Мијалков побегнал

  • By admin
  • февруари 23, 2021
  • 0
  • 1659 Views

Поранешниот шеф на УБК, по кого се трагаше речиси два дена, попладнево ненадејно се појави во канцеларијата на обвинителката Вилма Русковска за да го подигне решението за куќен притвор што му го одреди Кривилниот суд.

За Телевизија 24 Мијалков изјави дека вчера бил во изолација затоа што имал симптоми на Ковид-19 и немал претстава дека по него трага полицијата. За тоа дознал дури утрово и доброволно решил да се пријави во обвинителство.

Мијалков кажа дека имал 40 температура и не се чувстувал добро, па поради тоа било во самоизолација.

Во изминатите 40 часа спроведовме акција ,беа преземени сите редовни и вонредни мерки, рече на прес конференција премиерот Зоран Заев.

Мијалков немаше друг избор и го направи она што му беше неопходна опција. За овој значаен успех дадоа придонес надлежните институции , обвинителсвото и судот и успеавме во тоа. Секако Обвинителството и судот не треба да го сметаат за олеснителна околност за овој или никој друг случај .

Не треба да се заборави дека Мијалков првично избега. Останува нашата посветеност да се истражи.Јас Зоран Заев велам дека компромис за правда немало и ќе нема . Ако некој грешел , ќе одговара.

Мене ми се качи температурата 40 кога слушнав дека Сашо Мијалков побегнал – кажа Заев.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *