Пристигна потврда: Повеќе нема летање за џабе и авио билети за багатела цена

  • By admin
  • август 11, 2022
  • 0
  • 352 Views

Општо познато е дека авиопревозниците како „Рајанер“, „Исиџет“, „Вуелинг“, „Виз ер“ се натпреваруваат во понудата на евтини услуги без дополнителни трошоци.

Па поради висинаата на цената на картите овие авиокомпании, поточно нивните летови и тоа како беа привлечни за патниците.

Но како што е познато поради глобалното поскапување веќе се погласно се зборува дека летовите за џабе ќе станат минато и нема да има багатела цени.

Во таа насока оди и изјавата на извршниот директор на нискобуџетската авиокомпанија „Рајанер“ Мајкл О`Лари кој изјави дека комапнијата повеќе нема да нуди летови по најниски цени поради растот на цената на горивата.

– Ерата на билети кои чинат 10 евра заврши. Нема сомнеж дека на пазарот со ниски цени, нема да ги видите нашите навистина евтини промотивни цени од 9,99 евра во следните неколку години – рече О’Лири.

Тој информира дека во селдните 5 години просечната цена на билетите ќе се зголеми на 50 евра и додаде дека очекува луѓето и натаму да патуваат.

– Сметаме дека луѓето сè уште ќе летаат многу. Мислам дека луѓето ќе станат многу почувствителни на цените и затоа ќе ги тргуваат своите милиони на основа на продажба-повисоко-купи-пониски – рече тој.

Секако ова е не повлна вест за многу граѓни кои токму во овие летови гледаа економично и брзо средство за патување во изминатите години.

Како што е познато токму една ваква, нискобуџетна компанија е најголем авиопревозник од и до нашата држава Македонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.