(ФОТО) Ѓоко Јовиќ ја разнежни со зборови својата сопруга – фамилијарно прославија голем и убав јубилеј

  • By klaster3
  • август 11, 2022
  • 0
  • 265 Views

Македонскиот пејач Ѓоко Јовиќ е еден од најбараните и најпопуларните пејачи на фолк музика во Македонија, но и надвор. Дијаспората постојано го бара, Македонците кои живеат во земјите ширум светот уживаат во неговата музика.

За успех во музичката кариера исклучително важно за секој музичар е партнерот да има разбирање за професијата која носи многу отсуства од дома. Ѓоко такво нешто пронашол кај сопругата Ивана со која имаат четири деца.

Потекнува од Валандово и пораснал во семејство кое се занимавало со земјоделие во кое преовладувал тутунот. Во едно интервју проговори дека и тој работел земјоделие и не се срами повторно да го работи.

– Најважната лекција ја научив од татко ми. Еден ден ме седна и ми кажа: „Сине, јас можеби не сум ти дал богатство, но сум направил сите да зборуваат за тебе само убаво. Сум оставил чисто лице“. Тие зборови ќе ги паметам цел живот, вели тој.

Минатата година познатиот македонски пејач Ѓоко Јовиќ и неговата сопруга Ивана по четврти пат се остварија во улога на родители. Тие го добија синот Дарин, кој сега е најмладиот член во нивното многудетно семејство.

Ѓоко кога се роди малиот Дарин напиша дека неговата сопруга е вистински херој, а времето што помина од тогаш е најсреќниот период во нивното семејство.

Тие покрај најмалото синче, уште ги имаат и ќерката Теодора и синовите Михаил и Јован, кои се радуваат и помагаат околу нивното братче.

Најстариот син Михаил пак, очигледно тргнал по стапките на татко му, па музиката уште отсега му голема љубов за што доказ се многубројните видео снимки кои неговиот татко ги споделува додека тој пее или свири на клавир.

Но, и неговата ќерка Теодора полека навлегува во музичкиот свет. Теодора го напиша текстот за неговата најнова песна, која носи наслов „Лламен на љубовта“ со што предизвика восхит меѓу јавноста.

Ѓоко и неговата сопруга веќе долги години се во хармоничен брак, а денеска имаат и посебен повод за славење. Имено, фамилијарно брачната двојка прославува 15-годишнина за што пејачот посвети објава на Фејсбук:

„15 прекрасни години со мојата Убавица која ми ги подари моите 4 ангелчиња. Среќна Годишнина љубов моја“, напиша тој.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *