Познатиот македонски музичар: Само кај нас “звездите” можеш да ги видиш на пазарче, во биртии, месари

  • By admin
  • август 12, 2022
  • 0
  • 289 Views

Од секогаш во македонската јавност лебдело прашањето дали во нашата држава има навистина некоја личност што може да се нареше селебрити, поточно ѕвезда.

Мислењата се поделени, но повеќе тежнеат кон тоа дека на македонската сцена нема некоја личност што епте двои и е баш славна.

На оваа тема свое мислење даде еден од најпознатите македонски музичари Марјан Петровски Мац.

Диџеј Мац како што е познат во јавноста и на професионално поле или Марјан Петровски е еден од нашите јавни личности кои често се огласува на социјалните мрежи и без да трепне се што му лежи на срце искажува.

Марјан Петровски е човек со големо срце кој покрај музиката е познат и по хуманите работи и знае да помогне таму каде што е најпотребен.

Мац има учествувано во многу акции за собирање храна, и има пуштано музика на многу хуманитарни забави. Диџеј Матс инаку по професија е лаборант.

Па така во време кога запреа музичките настани тој потполно и се посвети на таа професија, а сега полека но сигурно се враќа на музиката.

Секојдневно е активен на социјалните мрежи каде споделува моменти од приватниот живот, но и по некој статус во кој го искажува своето мислење во врска со она што се случува во земјава.

Сегде у светот звездите може да се видат на црвен тепих или некој ВИП клуб .Само кај нас “звездите” можеш да ги видиш .. на пазарче,на љуљашки,у Кам,по улици,по кафани,биртии ..

Абе у месара ,у маало. Доста ми глумите земете опуштете се малку и не летајте – напиша Мац на својот профил на фејсбук.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.