Веќе неколку дена Љупче Смилев од Штип е во центарот на вниманиет поради неговиот случај.
Младиот 23- годишен Љупче Смилев е самохран татко, отсекогаш сакал семејство , не пораснал во семејство со мајка и татко и спиел по улици и домови за деца без родители.
Откако на виделина излезе неговиот случај во јавноста, хумани луѓе се ангажираа да му помогнат.
Веќе вчера Љупче и синот Андреј добија голема помош од многу места. Докажаниот хуманитарец од градот Штип, Александар Ѓоргиевски и овојпат се докажа на дело, а синожа на својот профил на фејсбук објави.
Акцијата за неговиот дом продолжи и утрово:
Ѓубрето исфрлено благодарност ЈП ИСАР за брзата реакција ни пуштија трактот експресно! Обезбеден нов кревет за Љупче од утре ќе спие удобно и безгрижно!
Сега чекаме од “хигиенски” да направат дезинфекција на целиот простор !Трета фаза доваѓаат мајстори да ја обелат собата за да можеме од утре новите ствари да се наместиме.
Благодарност Влатко Новакво и Димитар Лазаров за укажаната помош овде на терен двајца волонтери кој сами се пријавија за помош и многу помогнаа.
Да се сортира храната која ја има и превише а за два дена ќе се расипе се ако не се сортира и правилно не се распореди затоа потенцирав храна облека не донесувајте има и превише ќе се расипе се има и други фамилии на кој е потребна помош од овде ако не се подели ова така ке се скапи мислам дека овде ќе ми треба помош и од ЦРВЕН КРСT.
Денес ке поделиме пакети со храна по луѓе што имаат потреба овде има и превише за да не се расипе и скапе мораме да бидеме хумани за секој .Идеме чекор по чекор за успешна работа си сака организација чекор по чекор. Александар Горгиевски.
Обезбедена е детска количка, корито, нова облека, ќебиња, цуцли, шишиња, играчки… Обезбедена е храна, мини шпорет, фрижидер, телевизор, тостер, кревет, лустер.
Денес ќе биде обелена и дезинфицирана собата во која живеат, семејството ги доби сите потребни работи за нормално секојдневно функционирање. Има најава дека Љупче наскоро ќе биде вработен, како и дека ќе му биде доделен социјален стан, изјави Александар за Фокус.
Доколу се исполнат најавите за стан и работа, тоа ќе биде решавање на две клучни прашања во живото на овој човек.