Ненад е самохран татко на деца со посебни потреби: Не можеше да добие кредит за автомобил а потоа доби повик поради кој заплака

  • By klaster2
  • октомври 22, 2022
  • 0
  • 366 Views

Приказната за Ненад Шариќ, самохран татко на две малолетни момчиња со Да унов синдром од Сплит, кој поради статусот на родител-негувател не можел да подигне кредит за да купи толку неопходен автомобил, го по тресе регионот. Но, повеќе од тоа, солзи потекоа кога конечно стигна до возилото и тоа на неочекуван начин.

45-годишниот Шариќ од Сплит се обидел да најде автомобил преку Фејсбук, за да си го олесни животот на синовите и на себе за време на неопходните патувања во училиште, градинка, третмани и терапии.

Неговиот апел за помош дојде минатата недела откако неговиот 24-годишен автомобил повеќе не можеше да се користи а за друг половен автомобил немаше пари.

„ Не можам да земам кредит од банка за да купам автомобил бидејќи средствата што ги добивам се заштитени и во случај да не можам редовно да ги плаќам ратите (што секако не би се случило бидејќи јас сум одговорен), банката не ништо да одземе.

Не можете да земете автомобил ни на кредит, бидејќи автосалоните работат и преку банките, а за да купите автомобил на лизинг треба веднаш да дадете околу 10.000 куни, за што повторно би морал да земам кредит…“ , вели Шариќ.

Тој додава дека се нашол во безизлезна ситуација и побарал помош од луѓето. Тој наведува дека две недели не успевал да го однесе помалиот син на терапија

Бидејќи не дошол во исто време да го земе постариот син на училиште. Недолго откако побарал помош од луѓето, го контактирал човек кој сакал да му помогне при купување користен автомобил.

„ Бев изненаден и трогнат и навистина сум благодарен од се срце. Репортерот ме стави во контакт со господин кој сака да остане ано нимен.

,, Разговаравме и ми рече да го изберам автомобилот кој што планирам и тој ќе плати. Гледав да биде до 5000 евра, да нема многу километри и да е караван. Видов две кои имаат по 11, 12 години и одговараат на она што ми треба, да издржат најмалку четири, пет години“, вели Шариќ во интервју за ,,24сата”

Тој наведува и дека ништо не му е претешко кога станува збор за неговите синови, па за поправки на автомобилиот додатно работел и како редар на натпреварите на Хајдук, ги чистел чамците на луѓето, гаражите и таваните на соседите и правел се што треба.

Пред два месеца во Хрватска добил статус на родител-негувател. Тој наведува дека веднаш го прифатил фактот дека ќе има дете со посебни потреби како дел од животот.

Веднаш започнал со истражување за состојбата на децата, а два месеци откако го добил првиот син, дознале дека на пат е и второ дете. И вториот син го има истиот син дром, вели тој и додава дека никој во семејството немал таков проблем.

„Ги обожавам моите момчиња и ништо не ми е тешко да направам за нив и тие се такви какви што се за мене – совршени“, вели Шариќ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.