Мног Македонци ги купуваа, но половните автомобили во Германија речис веќе ги нема

  • By klaster2
  • јануари 3, 2022
  • 0
  • 432 Views

Новите автомобили се чекаат долго време ширум светот и цените се високи, па многу граѓани се одлучуваат за половни возила. Но ги нема доволно и чинат повеќе од било кога. Подобрување не е на повидок пред 2023 година.

Без разлика дали на плацови за автомобили или на Интернет, обично има голем избор на користени автомобили во Германија. Од вкупниот број продадени автомобили во Германија, најмногу се користени, но нивната понуда се помала.

– Во моментов имаме помалку користени автомобили од клиенти. Половните автомобили станаа ретка ро ба – вели заменик-претседателот на Централната асоцијација на германската автомобилска трговија (ЗДК), Томас Пекрун, пишува Дојче веле.

Клиентите треба да платат повеќе за достапните користени автомобили. Според Пекрун, цените се зголемени од пет на десет проценти.

Има и понови половни автомобили кои чинат повеќе од истите нови автомобили, бидејќи испораката на нови во моментов е многу подолга.

Мартин Вајс работи за ДАТ, организација основана во 1931 година за неутрално и објективно да ја процени вистинската вредност на автомобилите. Тој е изненаден кога ги набљудува актуелните трендови во индустријата.

– Пазарот полу де – вели Вајс и додава дека половните автомобили се поскапи од кога било досега, „дури 15 отсто повеќе“.

Тој наведува дека во некои случаи цената може да биде и повисока. Како прво, автомобилите со дизел мотори се многу поскапи отколку во првите години по скан далот со фалс ифи кувани емисиони вредности

Зголемување на цените беше предизвикана од пан демија и постојан недостиг на чипови за автомобилска електроника. Во 2020 година, поради пан демијата, регистрирани се помалку нови автомобили,

Дополнително, компаниите за изнајмување автомобили моментално помалку инвестираат во возила кои за кратко време ќе бидат понудени на продажба.

Пекрун наведува дека едноставно има премалку автомобили на пазарот. Со оглед на тоа што потрошувачите една година чекаат нов автомобил поради недостиг на чипови, тие се повеќе посегнуваат по користени автомобили. Ова дополнително ја намалува понудата.

– Зголемени цени на половните автомобили ќе имаме и во 2022 година – прогнозира Пекрун. Вајс, аналитичар на автомобилски пазар, исто така смета на постепено нормализирање на пазарот најрано во 2023 година.

Веќе минатата година цените пораснаа. Според пресметките на ДЕТ, Германците трошеле просечно 14.730 евра за да купат користен автомобил, што е за 19 отсто повеќе отколку во 2019 година.

За споредба, според студијата на ФАЗ, користен автомобил чинел во просек 8.310 евра во 2001 година.

– Не гледаме поскапување на електричните автомобили. Овде цените на половните автомобили се уште се под при тисок – вели Вајс и објаснува дека новите автомобили од овој сегмент имаат големи државни субвенции.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.