Политичарката на своето породување дојде со велосипед

  • By klaster2
  • јануари 3, 2022
  • 0
  • 378 Views

Пратеничката Џули Ен Гентер е политичарка со американско потекло од Нов Зеланд, која е членка на Претставничкиот дом која ја претставува Зелената партија на оваа земја.

Таа е министерка за жени, помошник министер за здравство и помошник министер за транспорт во првиот мандат на Шестата трудова влада. Таа има двојно државјанство на Нов Зеланд и САД, а веќе два пати од на породување со својот велосипед.

Во август 2018 година, кога политичарката од Зелената партија Џули Ен Гентер требало да го роди своето прво дете, таа возела велосипед до болница со нејзиниот партнер Питер Ненс.

Во оваа земја има често случаеви каде политичарките ги носат бебиња со себе на работа – некои дури и ги доеле, пренесува ,,ТВП”

Пратеничка во парламентот на Нов Зеланд веќе имала контра кции кога се подготвувала да го вози велосипедот до болница во недела рано наутро.

Гентер, страствена велосипедистка и членка на Зелената партија на Нов Зеланд, планирала со својот велосипед да направи рута до болницата но на бебето му се брзало.

Неполн час по пристигнувањето во болница, 41-годишниот Гентер родила девојче. Џули Ен ја објави среќната вест на социјалните мрежи.

Таа сподели слика на која се гледа како се смее покрај нејзиниот велосипед во гаражата, откако напиша статус дека контрак цијата штотуку поминала.

„Се чувствувам благословена што имав голема грижа и поддршка од одличен тим, во она што се покажа како многу брзо и среќно породување.

Џули Ен се залага за поодржливи и правични заедници и за инфраструктура која им служи на луѓето и ја штити климата од современите загадувачи.

Таа уште од најрани возрасти како што вели е со велосипедизмот, на разни настани и рекреативно возење, а автомобил не користи никако.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *