Секое дете на овој свет треба да расте со своите мајка и татко до него. Сепак, не ја уживаат сите таа среќа во животот иако во одредени ситуации родителите имаат влијание.
Тешко е кога судбината ги зема родителите предвреме, но уште потешко е ако родителот свесно избира да ги остави своите деца. Таква судбина делат шест деца од Брчко во Босна.
Да им биде ситуацијата уште полоша, освен тоа што татко им по чинал, нивната мајка наместо да се грижи за нив, одлучила да ги остави и да се премажи за друг.
Сега, децата живеат со нивната тетка Фатима која целосно ја преземала гри жата за нив. Таа вели дека воопшто не и е лесно, сите заедно се ма чат во животот, но барем имаат мир.
Нејзината здравствена состојба не е добра и треба да оди на дополнителни испитувања. Во разговорот за „ТВ Жива истина“ вели дека ослабнала многу, но нема можност да провери од што.
Пред некое време нивната состојба била навистина катастрофал на, живееле во нехумани услови, но благодарение на тоа што јавноста дознала за нив, почнале да им пристигаат донации.
– Најголемото дете има 15 години – Сенад, а најмалото 8 години – девојче кое оди во прво одделение. Ситуацијата е добра, барем оди на подобро но треба уште многу работи да се средат.
Да направам двор за децата, треба да кречиме, уште многу работи ни требаат за дома. Сенад има проблем со прекумерната тежина, му земав велосипед за да слабее.
Сакаат на екскурзии да одат, Сенад сега е 9то одделение полуматурант, а и девојчето кое седмо одделение сака. За Сенад чини 500 марки за екскурзија, а за девојчето не знам, ако има можности, вели Фатима.
– По средувањето на куќата, и децата здравствено и физички се средија, дури и во училиште почнаа да ги фалат, ги поправија оценките. Сега имаат некакви услови за живот, а претходно ништо немаа.
Мајката дефинитивно, официјално се премажила и старателството припаднало на тетката. Како што дознале сега мајката чува седум деца од сопругот со кој се премажила.
Хуманите луѓе повторно се покажале на дело па на ова семејство им донирале храна, средства и сите основни работи што им требаат во домаќинството.
Фатима се бо ри колку што може да им обезбеди се, но ако не се донациите нема да успее. Зема пензија од нејзиниот брат, но не и е доволно за да ги израсне децата.
Вели дека најважно и е децата да се здрави. Се заблагодарува на граѓаните и градоначалникот кои ги посетиле и донирале мебел и храна.