Во придружба на позната пејачка: Внукот на Ферус Мустафов на пат да стане идниот крал на саксофонот

  • By klaster3
  • април 8, 2022
  • 0
  • 256 Views

Без сомниение Ферус Мустафов важи за еден од најдобрите и најбарани македонски кларинетисти и саксофонисти. Мустафов е роден во Штип, Југославија, во ромско семејство на музичари и е син на Илми Јашаров.

Неговата професионална кариера започнала на седумнаесетгодишна возраст додека студирал виолина и кларинет во локална музичка академија.

Што и да се напише за него би било премалку, прескромно и не би можело да го опфати целиот неговиот живот полн со многу музика, турнеи, дружења, музички соработки и гостувања насекаде по светот.

Знае да свири на 13 инструменти, но неговата најголема љубов е саксофонот, па не за џабе го нарекуваат “кралот на саксофонот” и така го препознаваат сите.

И она по што сите го знаат е тоа што Ферус секогаш искрено раскажува пред камерите. Во неодамнешно интервју за Г-Карпет отворено зборуваше за кариерата и приватниот живот.

– При еден настап заработивме бакшиш од 180.000 евра. Но готовата пара брзо се троши, како што е сега овој период во цел свет, овие 2-3 години, вели Мустафов.

– Годишно свирам по 10 бесплатни свадби, но знам дека тие ќе ми помогнат подоцна и нема да остават туку така, вели кралот на ромската музика.

Овој штипјанец се уште е активен на музичкото поле и е резервиран за многу настапи, идол е на многумина а наследник гледа во неговиот внук Ферчо. Потенцираше дека и син му е музичар, но внукот сериозно може да стане нов крал на саксафонот.

Несомнено тоа го докажува и самиот Ферчо кој веќе е мошне активен на музичкото поле. Од 2019та година е член во еден од најпознатите оркестри кој е придружба на најголемите ѕвезди на Балканот.

Имено, станува збор за оркестарот на клавијатуристот Драган Чирковиќ Чира, дел од Гранд продукција, со кој настапуваат на свадби, свечености, но и сценски настапи на познати наши и балкански ѕвезди.

За успехот на Ферчо ќе слушаме и во иднина со оглед на тоа што веќе настапува во Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Франција, Чешка, Швајцарија, Италија и уште многу други земји.

Бил во придружба на познати наши и странски естрадни уметници како Гавазова, Елена Велевска, Цеца, Енес Беговиќ, Адил, Џани, но и како дел од инструменталната придружба на музички нумери.

За него не е никаков проблем од Торино, Италија да замине за утредента да има свирка во Париз. Според последните објави заедно со познатата фолк пејачка Сања Цинцева Барби и оркестарот имаат свирка на свеченост во Париз.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *