Македонецот Даниел по вторпат доби градоначалнички мандат во германски град

  • By klaster3
  • јуни 11, 2022
  • 0
  • 555 Views

Без сомнение, Германија како земја низ годините наназад е прв избор на Македонците кога станува збор за работа и живот во странство.

Трошоците за живот во Германија се доста разумни во споредба со другите западноевропски земји, иако се високи во споредба со земјите од кои доаѓаме.

Животниот стандард во Германија, јавниот транспорт, здравствената заштита и образовниот систем се одлични, а сметките за купување во поголемите германски градови често се значително пониски отколку во другите големи европски градови.

Еден од успешните Македонци во дијаспората е Даниел Илиев кој од 1 јули го започнува својот втор шестгодишен мандат како градоначалник на германскиот град Херинген.

На 25 мај годинава Илиев положи зак летва за втор мандат, откако на 6 март освои 85.4% од гласовите. На крајот од најновата седница на градскиот парламент во градското собрание, првиот човек на градскиот совет Алфред Рост повторно го задолжи Илиев совесно да си ги извршува обврските и му положи закл етва.

Првиот градски советник Јоханес Бaјер го предаде уверението за именување. Градските советници претходно едногласно го прогласија за валиден резултатот од гласањето во март.

По церемонијата, Илиев ги презентираше проектите што беа започнати во изминатите шест години.

За Илиев е познато дека е роден во Херингер, има 38 години и жителите на Херинген по вторпат му даваат поддршка да биде прв човек на градот.

Во 2004 година дипломирал на Werratalschule. Од 2004 до 2011 година магистрирал политички науки, јужнославистика, економска и социјална историја и економија на Универзитетот Фридрих Шилер во Јена.

Од 2008 до 2009 година Илиев студирал и политички науки на Универзитетот Пантеон во Атина. Илиев е самец и нема деца. Неговото хоби се читање кримин алистички романи, играње фудбал, пишување и политика.

„Јас сум член на СПД од 2006 година и потекнувам од работничко семејство. Така што не кријам дека сум близок со социјалдемократијата“, објаснува Илиев.

„Партиската припадност е ирелевантна во локалната политика. Како градоначалник, јас сум тука за сите луѓе за кои сакам да го постигнам најдоброто“, изјави тој во една прилика за германски сајт.

Инаку, Херинген е мал град со нешто над 7.000 жители, а се наоѓа во сојузната држава Хесе, во селската околија Херсфелд-Ротенбург.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.