Ламбе го прекина молкот и се огласи за првпат – упати силна порака до народот

  • By admin
  • јуни 18, 2022
  • 0
  • 547 Views

Пејачот Ламбе Алабаковски изминатиот период е во центарот на вниманието на јавноста како кај нас, така и во соседна Бугарија.

Причината е веќе добро позната, а тоа е настанот во бугарски клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола поради кој заврши зад решетки.

Како што е познато Ламбе Алабаковски своевремено беше еден од најпопуларните македонски пејачи и кој го живееше врвот од музичката кариера, но се реши да замине во Америка.

Сепак Алабаковски пред неколку месец реши да се врати од Америка и одлучи да остане во Македонија.

– Едноставно животот ме натера да заминам. Немаше некоја посебна причина да заминам, тогаш морав тој период да бидам таму кажа неодмана во едно од своите први интервјуа по враќањето и додаде:

– Еве после шест години се вратив овде. Животот во Америка беше убав период во мојот живот. Се посветив на семејството.

– Работам на доста нови проекти, почнав да настапувам низ Македонија, ќе излезат нови песни а се надевам таму во септември дека и албум ќе излезе.

Ламбе Алабаковски конечно го прекина молкот и се огласи првпат притоа се заблагодари за поддршката која ја доби и од народот и од многу јавни личности, а и преку про тестот во Битола.

„Народе мој Ви благодарам за Вашата искрена поткрепа! Ве љубам од длабочината на срцето и душата!, пишува тој.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.