Кристина Арнаудова: Ах, каква музика и душа има во оваа наша Македонија

  • By admin
  • јуни 18, 2022
  • 0
  • 298 Views

Познатата македонска пејачка, музичар, изведувач, продуцент, композитор, текстописец, хуманитарец и филантроп, Кристина Арнаудова често знае да привлече внимание во јавноста.

Како што е познато таа е претседател и основач на здружението „Проект Среќа“, а во изминатиот период имаше и хуманитарна акција со емисија за реновирање на домови, но истата заврши поради немање финансии, поточно спонзори.

Арнаудова пред извесен период реши дека повторно ќе се врати на старата љубов, а тоа е музиката:

„Пред години решив…сама со себе се договорив,дека бавењето со музика во оваа земја, каде не не есапат, нема логика, поента, економска исплатливост на вложеното, а ни душевно задоволство, бидејќи нема како да се стигне до публиката…

Во тој момент решив дека сум многу покорисна со мојата хуманитарна работа, за оваа земја, отколку со музика, во земја каде пеачите, музичарите, уметниците се последно дупче на свирчето

Кога ме прашуваа зошто ме нема, одговарав, ете така, срцето не ми пее. Ако се појави некогаш песна заради која пак ќе ми пропее срцето, ќе пеам. Можеби. Но не верувам. Ама ете тоа се случи.

Дури и мене не ми се верува. Упорноста на Весна Малинова да пропеам се исплатеше. Таа беше онаа која се трудеше да ја пог оди песната што ќе посакам да ја испеам…А ова трио на сликава , Роберт, Весна и јас, е истото што ги има направено ,,Прашина,, и ,,Немам срце за друг,,.

Кога ќе ја чуете новата песна, уште не знам…Ама знам дека денес после многу години пеев од срце, песна што сакам да ја чуете, која ми запеа во срцето…..“, напиша Арнаудова на Фејсбук.

Кристина Арнаудова пред некој ден на својата фејсбук страница сподели видео од песната Километри на Влатко Лозаноски Лозано и притоа напиша:

Ах, каква музика и душа има во оваа наша Македонија! Уште да знаевме да ја почитуваме! Браво за овој проект Влатко!

Ајде денес сите да постираме по една македонска песна која ја сакаме! Јас одма можам 100. П.С. И кога колегијалноста на пеачите кај нас би била возможна, вака да се поддржуваме, би било поинаку.

Мене не ми е проблем и од срце ги постирам моите колеги, и млади и постари…Не е тешко. И не знам зошто е проблем да се сакаме и почитуваме.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *