Каролина Гочева откри дали по третпат би ја претставувала Македонија на Евровизија

  • By klaster3
  • септември 5, 2022
  • 0
  • 229 Views

Каролина Гочева е македонска поп-пејачка родена во Битола, која 2 пати ја претставувала Македонија на Изборот за песна на Евровизија.

Каролина Гочева, својата кариера ја започна уште како многу мала, а многумина паметат дека нејзин прв поголем хит е песната „Мамо пушти ме“, која и денес се пее.

На почетокот на нејзината кариера, таа настапуваше на голем број домашни фестивали за промовирање на нејзиниот талент и нејзината кариера.

Кога станува збор за музиката Каролина секогаш има да понуди добра и квалитетна песна, но за приватниот живот не сака многу да зборува.

Во брак е со уметникот Михаил Корубин и му е голема поддршка на својот сопруг, и тој нејзина. Пејачката беше дел од изложбата на Корубин, минатата година во Њујорк, заедно со нивни блиски пријатели. Таа понекогаш знае да објави спомен од нивните патувања во Америка.

Таа вели дека не крие ништо од приватниот живот и дека се знае доволно и основните работи кои не можат да се сокријат. Во интервју таа вели дека во брачниот живот секојдневието и изгледа како на секоја нормална жена.

„Ние уште од почетокот кога се запознавме многу фино функциониравме бидејќи и двајцата имаме флексибилно работно време. Може сами да одредиме кога сме на одмор, кога работиме.

Јас и сопругот кога сме зафатени сме зафатени 24/7, а кога сме слободни сме слободни и двајцата. Кога сме слободни и двајцата може да си го испланираме времето како што сакаме. Во тој поглед функционираме одлично“, вели пејачката.

Познато е дека Каролина Гочева двапати ја претставуваше Македонија на Изборот за песна на Евровизија. Во 2002 година во Талин, Естонија, настапила со песната „Од нас зависи“ и се пласирала на 19-то место.

Во 2007 година во Хелсинки, Финска, настапила со песната „Мојот свет“, пласирајќи се како 9-та во полуфиналето, а како 14-та во финалето.

Пејачката беше дел од интервјуто „90 секунди“ на јутјуберот Стефонатор во кое за минута ипол треба набрзина да одговори на неколку поставени прашања.

Едно од прашањата кои беа упатени до неа е дали би учествувала по третпат на изборот на песна за Евровизија, на што Каролина одговори:„Мислам дека не, ама ајде, никогаш не вели никогаш.. но мислам дека не“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.