Без сомнение Игор Џамбазов, еден од најдобрите и најпознати македонци, човек со неколку професии според многумина ја доживува својат втора младост.
Водителот, шоумен, музичар и писател веќе извесен период е вљубен во планинарката Илина Арсова со која поминува се повеќе време, а тие често споделуваат заеднички фотки и видеа на социјалните мрежи.
Македонскиот шоумен Игор Џамбазов е тек со новото време на технологијата, па така како и повеќето познати и тој има профил на социјалните мрежи.
гор е активен на својот „Инстаграм“ каде што речиси секојдневно споделува по нешто.Откако се активираше на социјалните мрежи, на Инстаграм профилот кај Игор Џамбазов постојано осамнува некоја нова објава.
Неговите следбеници кои бројат нешто повеќе од 93 илјади, редовно може да видат и прочитаат од неговите инспиративни и досетливи мисли поврзани со актуелности и животни искуства, романтични фотографии со неговата сакана Илина, од оние авантуристичките во природа, такви со мачката Емче, по некое видео додека пее или свири на гитара, па се до ретро фотографии како онаа што се најде последна на неговиот профил.
Природа,сонце, зеленило, мирис на јоргован, а згора на тоа и поглед кон езеро, ех… Кој не би посакал сега во ова време невреме да го чувствува и гледа тоа!
Но, некои имаат среќа, особено оние со живеалишта на места до вода или планина. Игор Џамбазов голем дел од своето време освен во Скопје, го минува и во Дојран.
Како и другите естрадни уметници, така и тој поради цела ситуација мораше да одмора и да паузира од настапите, но сега дојде време за акција.
Игор Џамбазов се огласи на својот профил на Инстаграм каде што сподели видео и притоа напиша:
Петок, 25 јуни, на кровот на @skopjecitymall, ќе се одржи третото издание на @skopjeunplugged …се враќаме во живот, народе мој!