Ивица и Катерина од кумановско не можат да се помират со загубата: Немаме пари ни за леб, спиеме во една соба

  • By klaster3
  • јули 3, 2022
  • 0
  • 440 Views

Животот често знае да биде непредвидлив, а токму семејството Петровиќ од с. Четинце, кумановско, ќе мора да се соочи со неочекуваното – од врв да паднат буквално на дно.

Пред две децении Ивица Петровиќ се жени со Катерина и одлучуваат заедно да продадат стан во Куманово за да направат две соби и штала која ќе биде преполна со животни.

Децата ги воспитуваат во духот на сточарството, а млекото го продаваат на позната млекарница и живеат удобно се до еден ден кога животот ќе им се смени.

– Да не се случеше не среќата, никогаш немаше да дојдеме до ова дереџе. Имавме скромен, но, стабилен живот. Продававме млеко на една позната млекарница и секој месец тие редовно ни плаќаа.

И децата како пораснаа, научија сè и ни помагаа. Имавме големи планови да ја прошириме шталата, повеќето животни ни беа стелни и очекувавме принова.

Но, не ја очекувавме не среќата која ни ги смени животите-ќе ја започне Ивица својата тажна приказна за емисијата „Срце на дланка“.

Среќниот живот на ова семејство траел до лани. Сè додека на 5 август, пож ар не им ја пе плоса шталата. По жар избувнал во селото, а ветерот кој дувал со над 100 км на час, во плам ени топки пал еле сè пред себе.

– Јас бев долу во селото. Селаните ме викнаа да и помогнам да го спречиме пож арот да се прошири.  Жената и децата спиеја дома и јас видов дека топки ог ан од силината на ветерот се насочуваа кон мојата штала.

Таа одма истрчала, додека јас со автомобил се враќав дома за да ја спасам шталата. Животните живи изг ореа плачејќи внатре-со грутка во грлото се присетува Ивица.

Не верувале дека и добиток може да плаче како дете. Катерина со денови им зборувала на изгубените животни и ги прашувала дали ги боли нешто, а од тој ден веќе не е истата.

Се уште не може да се помири, па од жал што не успеала да ги спаси животните е бол на од повеќе дијагнози, но нема пари да се лекува.

Се надеваат дека некогаш ќе добијат ошт ета и дека повторно ќе издигнат штала со нов добиток која единствено ќе им ја врати радоста и волјата во животот.

– Не добивме никаква оштета, иако, сè е поднесено. Земавме неколку месеци социјална помош од 6000 денари, но, бидејќи еден добронамерен човек ми префрлил одредени пари на сметка, од социјално ми ги укинаа и тие пари.

Сега нема пари ниту за леб. Ако некој ме викне од селото да поработам нешто, земам 500 денари и вртиме некој ден за да преживееме. Еве, сопругата две децении мие надвор на чешма.

Спиеме во една соба, на два кревети четири души. Кујна немаме, се бањаме надвор. На нула сме и не знаеме како ќе продолжат нашите животи понатаму.

Не ни преостанува ништо друго освен да се обратам до јавноста и да побарам помош-завршува Ивица со надеж во очите и уште поголема верба дека повторно ќе ја види шталата направена и добитокот во неа повторно ќе го издигне како некогаш.

Доколку сакате да му помогнете на Ивица и неговото семејство, тоа можете да го направите на следниот телефонски број 078 626 011 или следнава жиро-сметка 300007110635961.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.