Ели од скопско во солзи: И на свеќи ќе живееме, само ќерката да оздрави, друго ништо не ми треба

  • By klaster2
  • март 6, 2022
  • 0
  • 889 Views

Стојна од скопско Ајватовци има тешка животна судбина. Таа е мајка на деца со посебни потреби и живее во недостојни услови за живот.

Стојна Маџовска имала нормален семеен живот со намера да направи пристоен дом за децата и внуците, и можеби ќе и успеело доколку пред три години не се случила не среќа во нивниот дом.

Наместо да се подготвуваат за свадба тие резервирале болнички кревет. Бидејќи нејзиниот сопруг како возач на камион направил голема сообраќајна не среќа која им ја менува судбината.

За да можат да ја спасат главата на семејството Стојна подигнува кредит кој ги исцрпува финансиски и ќе направи подоцна да немаат ниту за основните потреби.

Денес живеат во многу лоши услови, вработена е само Стојна, сопругот не е способен за работа а синот Тоше е лице со посебни потреби.

Кој е оженет и има ќерка, но сепак капката ќе ја прелие и состојбата на малата Ана која бо ледува од епиле псија а ова семејство нема финансии да ја лекува соодветно.

Ова е состојба која ги вади од колосек нивните секојдневни животи. Од цела куќа оспособени за престој се само две соби, а цел пресврт во животите ќе биде незгодата на сопругот.

– Пред две години ни се преврте целиот живот, синот реши да се жени и на денот на веридбата сопругот враќајки се од пат со камионот доживеа не згода.

– По болници лежеше долго време плативме над 230.000 денари, земавме кредити, од тој ден се уште не можеме да си дојдеме во нормала, вели Стојна.

– Состојбата на внуката беше капак на се, понекогаш остануваме и без платени сметки и храна само да купиме лекови за нејзе.

– Јас земам минимална плата, но таа плата не стигнува ниту за сметки, еве купувам памперс за малата, таа е две годни уште не може ниту да оди.

– Се трудам од петни жили да овозможам на семејството, за мене не мора да има но за децата мора да има. Работам и додатно само за да извадам денар повеќе.

Стојна е и маж и жена во куќата. Нема за дрва и за некој основни продукти а често остануваат и без струја и живеат на свеќи со бо лно дете.

– Сега откако кажаа дека ќе ја покачат струјата внимавам и на тоа кога ја вклучувам. Вечерта со свеќа седеме често пати, вели Стојан пред камерата на ,,Срце на Дланка”

– Лековите за малата се скапи а некој ги и нема во Македонија. Куќата ни е за никаде, но тоа толку не ме засега бидејќи си велам се се прави само човек не.

Тоше не е вработен а тоа му е најнеопходно во моментот, вели дека работел кај некој роднини во Словачка и со парите купил авотмобил кој бил неопходен поради малата ќерка за да ја носат на болница кога ќе има на пади.

– Само да оздрави ќерката друго ништо не ми треба и на свеќи да живееме, вели во солзи мајката Ели, снаатата на Стојна.

Доколку сакате да му помогнете на ова семејство тоа може да го направите на жиро сметката 250-5000224788-66 Шпаркасе банка или на телефонскиот број 072-242-435 Стојна Маџовска

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.