Д-р Горан отворено: Би сакал да ме едуцира некој од каде излезе ова со 45 дена

  • By admin
  • август 19, 2021
  • 0
  • 10247 Views

Докторот Горан Кунгуловски кој е доктро на науки по геномика и молекуларна епигеномика се огласи на својот профил на фејсбук каде што сподели:

За прележаните. Пред да се појави делта варијантата на SARS-CoV-2, заштитата на прележаните (природен имунитет преку инфекција) од повторна зараза беше слична на таа добиена од добра вакцина (вакцинален имунитет), во зависност од студијата, меѓу 80-95%.

Ништо неочекувано. Исто така се знае дека кај мнозинството на природно имунизирани (посебно тие со потешка слика), IgG антителата кон N протеинот и RBD доменот на spike протеинот се мерливи и по 12 месеци.

Исто така мнозинството од нив развиваат хетероген Т-клеточен имунитет.

Сите овие сознанија водат до тоа дека природниот имунитет (прележаност) води до значајна заштита од зараза со SARS-CoV-2, исто како и најдобрите вакцини.

Значи природно имунизираните имаат слична заштита како вакцинално имунизираните со две дози. Природно имунизираните стекнуваат додатна заштита (2-3 пати) кон овој и најверојатно кон идни соеви, доколку се вакцинираат барем со една доза.

Во моите, а и во сечии очи сметам дека природно имунизираните во најмала рака имаат слична заштита од КОВИД-19 како и вакцинално имунизираните.

Кога зборуваме за достигнување на колективен имунитет треба да зборуваме за збирот на вакцинирани, вакцинирани-прележани и прележани.

Би сакал да ме едуцира некој од каде излезе ова со 45 дена. Недовербата кон науката се јавува поради политички дејствија, а не научни.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.