Голем потег на Филипче – со брза реакција за 17 годишната Магдалена од Трубарево

  • By admin
  • април 23, 2021
  • 0
  • 1626 Views

Во текот на вчерашниот ден П. Марија на својот личен профил сподели апел за семејство на кое таа веќе му помага, но побара поддршка:

АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Драги пријатели, девојчето што е на сликата боледува од ту мор на малиот мозок и има само 12 години.

Девојчето заедно со семејството живеат во едно трошно куќиче во с.Трубарево кое едвај има покрив. Родителите не се вработени затоа што нашата држава ги смета за не способни.

Јас со моите родители им помагаме колку што сме во можност ама не е доволно за да живеат од ден за ден. Ќе ве замолам сите да го споделите овој пост за да можеме да допреме до институциите за помош и за лекување!!!!

Денес отецот Оливер Петровски во групата на Хуманитарна организација „Свет Спас“ сподели позитивна вест поврзана за овој случај:

Очекував брза реакција од министерот Венко Филипче, но волку брза реакција секако дека пријатно ме изненади.

Имено, веднаш после објавувањето на случајот на семејство од Трубарево и за здравствената состојба на 17 годишната Магдалена, министерот (кој е еден од најдобрите неурохирурзи) нѐ контактираше со цел да се запознае со реалната медицинска состојба и веднаш да реагира.

Тој веднаш нѐ прими и после прегледување на снимките и целокупната медицинска документација, докторот и министер востанови дека Магдалена физички е целосно здрава и нема тумор во мозокот. Слава на Бога!!!

Но секако дека останува да се создадат услови за живот, т.е. да се реновира нивниот дом, проект што од понеделник ќе почнеме да го работиме во соработка со Општина Гази Баба и градоначалникот Борис Георгиевски.

Бидејќи станува збор за лице со попреченост нареден чекор кој што ќе го превземеме е проверка на нивниот статус преку центарот за социјални работи и да помогнеме да ги остварат сите права за надоместоците кои им следуваат.

Огромна благодарност до министерот за здравство г-дин Венко Филипче за брзата реакција и утврдувањето на реалната здравствена состојба на Магдалена.Бог да ве благослови и награди!!!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.