Никола Груевски се поактивен, се огласи и денес со подршка и повик

  • By admin
  • април 23, 2021
  • 0
  • 966 Views

Екс премиерот Никола Груевски е се поактивен на социјалните мрежи, па пред неколку моменти повторно се огласи преку својот профил на фејсбку:

Подршка и повик за протестот во недела во Скопје. Протестот на 25. Април со кој се бара ослободување или пат до брзо ослободување на зат ворените лица заради учеството во настаните на 27 Алрил 2017 година, како и на припадниците на МВР е оправдан.

Нивните пресуди се неправедни. Осудени се со сур ова конструкција на ла жна квалификација за тероризам со цел не само да бидат затворени, туку тоа да трае по 10, 15 и повеќе години.

На тој ден пратениците на денешната власт намерно, свесно и целосно незаконски и противуставно ја продолжија седницата токму во време кога насобраната толпа народ кој претходни 60 дена мирно протестираше беше пред парламентот, сосема свесни дека ќе исп ровоцираат реакција на народот насобран да го заштити уставот.

Очигледно беа поучени дека еден инци дент добро би им дошол за потоа вината и кај домашната и кај меѓународната јавност да падне врз организаторите на мирните протести.

Учесниците во тие мирни протести, но и врз ВМРО-ДПМНЕ со што би добиле ветер во грб за понатамошна безмилосна прес метка и политички прогон како кон организаторите и учесниците на дотогаш мирните протести така и кон водството на ВМРО-ДПМНЕ.

А зошто? За да има со што да се занимава народот додека тие се занимаваат со кри минал, ре кет и изнуд ување пари, присвојување на државните ресурси и комотно кри минално владеење.

За да го држат народот во ст рав кој гледајќи како со леснотија се а пси, притвора и се делат ка зни по 10-15 години зат вор на видни лица и авторитети во државата.

Да не помисли да се спротистави на она што пред неговите очи се случува: масовен гра беж низ различни форми, неработење и неспособност и распродажба на националните интереси на државата, нејзиното име, идентитетот и историјата на македонскиот народ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *