Адвокатот Оливер Лајк (45), Германец кој со години живее во Швајцарија е роден во протестантско семејство, а цел живот бел атеист.
Но откако беше крстен во српска црква пред извесен период, Оливер премина во православие. Ова е „последица“ на љубовта на Оливер кон Србија и српскиот народ.
Оливер вели дека никогаш не го привлекувал протестантизмот и католицизмот, а сè додека не се запознал со православниte цркви, икони и фрески, тој бил атеист.
– Првиот пат кога бев во руска православна црква во Франкфурт, бев на служба на велигденската литургија, а потоа ме привлече сето тоа. Православието е поавтентично од она што го видов во Германија, Швајцарија, ми се чини поискрено, по духовно, – Германецот ги опишува своите впечатоци за православната вера.