Полицијата со важно известување: Утре пола Скопје ќе биде блокирано

  • By admin
  • февруари 25, 2021
  • 0
  • 2060 Views

МВР се огласи со соопштение до јавноста во кое што се вели:

Посебен режим на сообраќај поради протест утре во Скопје

На 26.02.2021 (петок) со почеток во 13 часот ќе се одржи најавен јавен протест кој што ќе започне во парк Чаир на бул. „Христијан Тодоровски Карпош“, а ќе продолжи кон Основен суд Скопје 1 на бул. „Гоце Делчев“, Собрание на Република Северна Македонија на ул. „11-ти Октомври“ и Влада на Република Северна Македонија на бул. „Илинден“. Поради тоа, затворени за сообраќај од 13 часот до завршување на протестот, ќе бидат следните улици:

– ул.„Х.Т.Карпош“,ул. „Џон Кенеди“, ул. „Цветан Димов“, бул. „Крсте Мисирков“, бул. „ Гоце Делчев“, ул. ,,11-ти Октомври“, ул. „Васил Главинов“, бул.„ ВМРО“, бул. „Илинден“ и други околни сообраќајници.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *