(ВИДЕО) Симон Трпчески заедно со ќерката Лара преку музика испратија порака до целиот свет

  • By klaster3
  • јуни 26, 2022
  • 0
  • 362 Views

Несомнено, Симон Трпчески е докажан македонски виртуоз на пијано. Тој е пофален не само за неговата моќна виртуозност и длабоко изразен пристап, туку и за неговото харизматично сценско присуство.

Симон Трпчески е етаблиран македонски виртуоз на пијано. Тој е пофален не само за неговата моќна виртуозност и длабоко изразен пристап, туку и за неговото харизматично сценско присуство.

Симон е роден во Скопје на 18 септември 1979 година. Денес е еден од најафирмираните македонски пијанисти, ако не и најдобриот на сите времиња кој излегол од оваа мала земја.

Природниот музички истражувач, Симон Трпчески, исто така се залага за зајакнување на културниот имиџ на неговата родна Македонија.

Во неговата дводецениска фасцинантна кариера настапувал на најпрестижните концертни сцени во светот и со највлијателните оркестри – од Лондон до Сингапур, од Торонто до Хонг Конг. Снимил 13 албуми за престижни светски музички издавачи.

Златна бубамара на популарноста во категоријата „музички амбасадор“ годинава добива пијанистот со светска репутација Симон Трпчески.

Неговиот последен проект за камерна музика „Македонисимо“ е посветен на запознавање на публиката ширум светот со богатите традиционални македонски народни корени.

Во соработка со композиторот Панде Шахов македонската народна музичка традиција е вткаена со високо виртуозни рифови и хармонии под влијание на џезот.

Симон е во брак со сопругата Даниела и е татко на три деца – Лара, Стефан и Андреј, за што во една прилика рече дека да се биде татко на три деца е среќа, радост и привилегија.

Најголемата, ќерката Лара, ја имаше таа чест на одржувањето на „Златна Бубамара“ годинава на сцената да излезе со нејзиниот татко при што ја изведуваше песната „За овој свет“, а денес го промовираа и видео записот за песната како дел од проектот МАКЕДОНИСИМО.

„ЛАРА И ПРИЈАТЕЛИТЕ – „За овој свет“ Моја долгоочекувана желба, откако почна катас трофата на човештвото пред 2 години (ко рона пандемијата што се’ уште не е стопирана…),

со мојата ќерка и колегите од МАКЕДОНИСИМО, во форма на музичка порака од децата и младината – до децата, младината и најважно – возрасните, за мудрост преку која ќе процвета подобар свет!

Уживајте во уште еднаш испеаната „За овој свет“ – песната што ни припаѓа на сите!“. Изведбата на песната може да ја погледнете овде.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.