Девојка од Австралија наследила милиони, но живее од социјална помош поради една причина

  • By klaster3
  • јуни 26, 2022
  • 0
  • 359 Views

Клер Браун (26) од Австралија неодамна стигна до сите медиуми кога беше откриено дека го наследила богатството на нејзиниот по коен татко, кое се мери во милиони долари, но бидејќи не сака да ги исполни условите што тој ги поставил во тестаментот, нема пристап до парите.

Според тестаментот, Браун треба да најде постојана работа и да „придонесе за заедницата“ за да добие пристап до 12 милиони долари, но таа одбива, нарекувајќи ги условите нереални и оправдувајќи се со својата здравствена состојба. Во исто време оваа девојка живее од социјална помош.

– Разбирам зошто моето семејство бара од мене да бидам функционален член на општеството, но мора да ја погледнете мојата здравствена книшка за да разберете дека тоа нема да се случи.

Таа моментално живее во едно од западните предградија на Сиднеј со нејзиниот сопруг Лорен и нивната ќерка, што е далеку од нејзиното растење на источната страна на градот, каде што била безгрижна и учела во најдобрите училишта.

Таткото на Клер, Крис, бил успешен берзански брокер, каде што заработувал богатство и честопати и давал на својата ќерка 500 долари неделно, но кога се у покоил, таа била принудена да побара помош од државата.

Кога Крис поч ина на почетокот на оваа година, тој ѝ остави семејно богатство само со два услова – да се вработи и да придонесе за општеството, кои се работи за кои Клер смета дека се невозможни.

– Себеси се нарекувам скршен милионер, бидејќи постојано сум без денар и не можам ништо да сторам околу тоа. Дај ми го тоа што ми припаѓа по закон! Можете ли, ве молам, да престанете со тоа „да се вработите“, тоа нема да се случи – му се обратила Клер на семејството.

Браун тврди дека има сериозно нарушување концентрацијата кое ја спречува да ја исполни последната волја на нејзиниот по коен татко, со што се согласува и нејзината партнер.

Нејзиното семејство, од друга страна, вели дека тоа се само изговори за избегнување на исполнувањето на желбите на Крис.

– Наместо да му ја исполни желбата на татка си, таа одби. Веќе не знаеме како, не ѝ направивме ништо, само ја сакаме – изјавил братучедот на Клер, Џими.

На прашањето дали сака да се вработи, 26-годишната девојка одговорила со „да и не“, наведувајќи ги повторно здравствените проблеми.

– Го сакам само она што ми припаѓа. И сакам овие луѓе да престанат да ме притискаат и да се надевам дека некогаш ќе се вработам – изјавила Клер и додала дека од нејзиниот „случај“ може да се напише холивудски филм.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *