Како што е познато, Татјана Лазаревска и Новица Василевски веќе шест години живеат во Мелбурн, Австралија, заедно со двајцата синови, Петар и Стефан.
Татјана Лазаревска и нејзиниот сопруг Новица Василевски важат за еден од најскладните парови на сцената.
Фолк-пејачите имаат изјавено дека од Македонија си заминале затоа што во Австралија заработката е поголема, а настапите секако им биле во дијаспората.
За Новица, Татјана често знае да изјави дека тој најмногу ја разбира и е нејзината најголема поддршка.
Со многу труд и посветеност, фолк-двојката успеа да дојде до свој дом во Австралија, лани тие купија куќа во Мелбурн.
Додека живееше во Македонија, Татјана често настапуваше на многу настани, а сега ги замени со настапи на друг континент.
Додека во Македонија музичарите се жалат дека нема свадби, нема тезги, нема настапи, нема пари…
Но, во Австралија очигледно дека не е така. Татјана и Новица откако поминаа карантинитеработат со полна пареа. Македонците прават свадби и веселби во Австралија, па работата на познатите фолк-пејачи им тргна.
Татјана често објавува лајф видеа како настапува, а така беше и пред некој ден кога може да се види како се забавуваат.
Таа објави видео на кое се гледа како околу главата има голем број на банкноти бакшиш и притоа напиша: Подарок од кумата, само весело.