Никола Груевски се огласи и се наврати на 2000 година кога беше Министер за финансии

  • By admin
  • декември 5, 2021
  • 0
  • 430 Views

Поранешниот премиер на Македонија и екс лидер на ВМРО ДПМНЕ се огласи на социјалните мрежи каде што напиша:

Во неделата на Ханука на сите граѓани од еврејската заедница во Македонија, но и на сите мои пријатели со еврејска вероисповест во Израел и насекаде низ светот им посакувам среќна Ханука.

Еден од спомените на нашето заедничко живеење и почит е донесувањето на Законот за денационализација во 2000 година, времето кога ја обавував функцијата министер за финасии на Република Македонија.

Со тој закон при неговата изработка предвидовме создавање на Фонд на Хол окаустот во Македонија. Во тој фонд токму кога станав премиер во 2007 година, по завршените состаноци на работните групи во мојата канцеларија во владата.

Со посебна одлука на владата на Македонија влегоа значителни средства од буџетот на Македонија, како проценет износ за обештетување за одземениот имот од комунистичката власт во Македонија на сите Евреи кои не се живи и кои заради погромот направен од окупат орската фаш истичка власт во Македонија немаат свои наследници на кои би им бил вратен имотот, како што се правеше со сите други граѓани.

Ние бевме прва држава која во минатото имала комунистички реж им и која го направи тој гест и истото со години беше презентирано како добар пример од еврејските заедници ширум светот на разни меѓународни конференции.

Согласно тогашниот план, од тие средства се изгради музејот на Холок аустот во Скопје, како објект за вечно сеќавање и почит кон тра гично погуб ените, како и уште една деловна зграда со канцеларии веднаш до самиот музеј од чии средства од закупнина се планираше долгорочно и одржливо финансирање на овој музеј и на разни други активности поврзани со холок аустот на Евреите, како и едно неизградено земјиште веднаш до плоштадот Филип Втори во строгиот центар на Скопје, на кое е предвидена градба на хотел.

Денешните генерации неможат да го вратат времето и да го променат текот на историјата, но направивме спомен кој секогаш ќе потсеќа за да не се заборави и да не се повтори.

Иако заради траг едијата за време на втората светска во јна денес еврејската заедница во Македонија не е многубројна, каква би била да не се случело тоа, таа има и секогаш ќе има посебно место и посебна почит во Македонското општество.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *