Венко Филипче сподели лоши вести: Дали денешните бројки се најава за трет бран !?

  • By admin
  • февруари 23, 2021
  • 0
  • 2407 Views

Бројките од ден на ден со заразени од корона во Македонија повторно раснат, а оние последните, денешните може да бидат загриживачки.

Венко Филипче информираше дека во последните 24 часа се направени 2.813 тестирања, а регистрирани се 509 нови случаи на ковид-19, со што за првпат по подолг период бројката надвмина над 500 во еден ден.

Од нив се -Скопје 285 -Прилеп 37 -Кавадарци 29 -Охрид 24 -Велес 16 -Тетово 11 -Битола и Крива Паланка по 10 -Струга и Гевгелија по 9 -Куманово и Неготино по 8 -Кочани и Крушево по 7-Гостивар и Штип по 6 -Ресен, Делчево и Берово по 4 -Пробиштип, Кратово и Богданци по 3-Свети Николе и Валандово по 2-Струмица и Радовиш по 1.

Починати се 9 лица, 4 пациенти од Скопје (71г, 66г, 63г, 55г) и по еден пациент од Охрид (67г), Куманово (68г), Кочани (85г), Делчево (61г), Демир Хисар (84г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.

Регистрирани се 354 оздравени пациенти од:-Скопје 198 -Куманово 20 -Прилеп 18 -Кавадарци 17-Тетово 14 -Гевгелија 11 -Велес и Струмица по 10 -Гостивар 8 -Неготино 6 -Крива Паланка 5 -Радовиш, Берово и Дојран по 4 -Штип, Ресен и Виница по 3 -Битола, Струга, Кочани, Валандово и Кратово по 2 -Кичево, Делчево, Пробиштип, Македонски Брод, Демир Капија и Македонска Каменица по 1

Досега во земјата се направени вкупно 506.378 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 99.917, бројката на оздравени пациенти е 90.096, на починати е 3.085, а бројот на активни случаи изнесува 6.736.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.