Ване Маркоски: Џабе се трудат да ги извртат работите

  • By admin
  • декември 1, 2021
  • 0
  • 593 Views

Ване Марковски важи за еден од најхаризматичните македонски водители, тв лице кој долго време не`забавува и информира пред малите екрани, со неговите емисии кои се од најразлични тематики.

Како што е познато Марковски пред неколку месеци објави дека неговата професионална соработка со Канал 5 телевизија е завршена.

Но тој долго не беше без ангажман па се пресели во МТВ каде што и понатаму со успех продолжи да ги извршува своите професионални задачи.

Харизматичен и позитивен лик кој обожаваат да го гледаат и оние најмалите но и повозрасните. Дека со љубов си ја работи својта работа говорат неговите успеси на професионално поле.

Ване Марковски е познат како голем љубителл на природата, заговорник на здравата исхрана, фитнесот и здравиот живот, но она што можеби не сте го знаеле за радио и ТВ водителот е дека е исто така и голем љубител на животните.

Особено домашните миленичиња му се слабост, па затоа Ване кој живее сам во својот нов дом во скопските Џеваир облакодери, реши друштво да му прави едно кученце. Имено, според информациите, Ване истото го спасил од улица, каде што кутриот пес бил оставен во не добра состојба.

Сега неговиот Буби му е најверниот четвороножен пријател на водителот.

Марковски е мошне активен и на социјалните мрежи, пред се на својот фејсбук профил каде често знае да сподели по некоја интересна информација и од својот приватен живот.

Тој реши и да ја искоментира снимката од градинката каде деца пејат и се забавуваат на една српска песна и притоа напиша:

Џабе се трудат да ги извртат работите. Кој ќе каже дека барем еднаш не бил во кафана и не уживал на жива музика, лаже.

Не се распава тука што луѓето сакаат да слушаат. Вкусови се тоа. Ама на песната од видеото денес, не и е местото во градинка.

Има многу едукативни песни кои барем таму може да ги учат, кога надвор е културен хао. Точка.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.